Препорачано

Бесплатен веб-сајт за новите компании

Знаеме дека почетоците на секоја компанија се полни со предизвици и дека секоја помош во тој период е добредојдена. Токму затоа започнуваме со програма за поддршка на новоотворените компании преку која тие ќе може да добијат бесплатен веб-сајт на Вебстриан, со вклучено хостирање и без трошоци за користење или одржување во првата година.

Во ова дигитално време, веб-сајтот е „лицето“ на една компанија и првото место каде ќе ве побараат вашите потенцијални клиенти или соработници за да дознаат повеќе за она што го нудите. Веруваме дека професионален и модерен веб-сајт ќе ви помогне да имате поуспешен старт, па затоа ве покануваме да земете учество во програмата и да отворите бесплатен веб-сајт на Вебстриан

Само одберете веб-сајт, направете регистрација и ќе добиете комплетно готов веб-сајт што е веднаш достапен на интернет. Сѐ што треба да направите потоа е да поставите ваши слики и текстови. Критериум за учество во програмата е компанијата да биде регистрирана во Централeн Регистер на Р. Македонија во период не подолг од 2 години. 

Доколку сте заинтересирани, отворете веб-сајт на Вебстриан и потоа испратете ни го линкот од вашиот нов веб-сајт на contact@webstrian.mk. Сите компании кои го исполнуваат условот за учество, ќе добијат бесплатен веб-сајт на Вебстриан во времетраење од една година. По истекот на бесплатниот период, ќе важат редовните цени на Вебстриан, но компаниите ќе немаат никакви обврски да продолжат да ја користат услугата и во секое време ќе може да ја прекинат соработката.

Доколку имате дополнителни прашања, ве молиме контактирајте нѐ тука