Вредно работиме за да ви донесеме нови функционалности што е можно побрзо.
Прв на нашата листа е модулот за е-продавница со електронско плаќање што наскоро треба да го интегрираме во платформата на Вебстриан. Тоа значи дека секој од вас ќе може да отвори своја продавница на Интернет, со неограничен број на производи, различни опции за плаќање и за доделување попусти, продавница на повеќе јазици и со повеќе валути, со брзи перформанси и со уште многу други придобивки.
Страста кон работата нѐ води постојано напред. Полни сме со идеи и нестрпливи сме да ви ги претставиме сите нешта во кои силно веруваме.