Затоа што вашата веб-страна е вашата дигитална „визит карта“ која ќе го подобри професионалниот изглед на вашиот бизнис и ќе придонесе за поголем кредибилитет пред потенцијалните клиенти.
Можеби бизнисот ви оди одлично и покрај тоа што немате своја веб-страна? Можеби имате, но веќе е стара и едвај функционира?
Дознајте зошто е вистинско време да преземете нешто околу тоа!
1. РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА ВАШАТА ВЕБ-СТРАНА Е 24/7.
Најважната предност и најголемата вредност на секој бизнис се клиентите. Затоа е важно да сте во постојан контакт со нив, а токму тоа ќе ви го овозможи вашата веб-страна. Ова значи дека дури и надвор од работното време клиентите ќе може да дознаат повеќе за сите услуги или производи кои ги нуди вашиот бизнис.
Прочитај повеќе
2. ДИГИТАЛНАТА ВИЗИТ-КАРТА Е ДУРИ И ПОВАЖНА ОД СТАНДАРДНАТА.
Колку пати ви дале визит-карта која сте ја зафрлиле и потоа не сте можеле да ја пронајдете кога ви била потребна? Вашата веб-страна е вашата дигитална визит-карта. Затоа е важно клиентите да можат да ве пронајдат онлајн и да добијат позитивен прв впечаток за вашиот бизнис. За да се случи тоа неопходна ви е професионална веб-страна со одлична SEO-оптимизација.
Прочитај повеќе
3. ВАШАТА ВЕБ-СТРАНА ТРЕБА ДА ГИ СЛЕДИ ВАШИТЕ КЛИЕНТИ.
Мобилните телефони се иднината. Луѓето се постојано во движење, сурфајќи на мобилен, па вашата веб-страна мора да ги следи. Поверојатно е да станат ваши клиенти доколку можат брзо и лесно, преку својот телефон, да пристапат до веб-страната на вашиот бизнис.
Прочитај повеќе
4. ПРОФЕСИОНАЛНАТА ВЕБ-СТРАНА МУ ДАВА КРЕДИБИЛИТЕТ НА ВАШИОТ БИЗНИС.
Таа ќе создаде доверба во очите на вашите клиенти дека соработуваат со експерт во областа и само таквиот однос ќе придонесе за директна продажба на вашите услуги и/или производи.
Прочитај повеќе
5. ВЕБ-СТРАНАТА ГО ОПТИМИЗИРА ВАШЕТО ОНЛАЈН-ПРИСУСТВО (SEO) И ТАА Е НАЈДОБРАТА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ИДНА НЕЗАВИСНОСТ НА ВАШИОТ БИЗНИС.
Веб-страната е одличен начин да го изградите вашиот бренд и да се поврзете со вашите клиенти, но истовремено таа е и инвестиција за иднината, односно ќе ви даде независност од социјалните платформи како Фејсбук и Твитер.
Во следните блог-постови ќе ги разработиме подетално сите точки од оваа објава за да бидеме појасни. Останете да нè следите.
ОДБЕРЕТЕ ПРОФЕСИОНАЛЕН ПАРТНЕР ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ВЕБ-СТРАНА.
Имаме искуство од над 15 години во изработка на веб-страни и веќе добро знаеме што функционира, а што не. Сме виделе безброј веб-страни кои не успеале да се издвојат од толпата и тоа нема да дозволиме да му се случи на вашиот бизнис.
Контактирајте нè и побарајте понуда.
+389 78 38 48 95
contact@webstrian.mk