Работното време на вашата веб-страна е 24/7

Таа ќе ви овозможи да сте во постојан контакт со клиентите, што значи дека тие ќе може да пристапат до информации за вашиот бизнис, вашите производи или услуги во кое било време, од каде било во светот.

Ова значи дека дури и надвор од работното време клиентите ќе може да дознаат повеќе за вашиот бизнис. На пример, потенцијален клиент може да пребарува одреден производ или услуга по полноќ, па на веб-страната ќе собере доволно информации кои ќе му помогнат да донесе одлука за купување, без разлика што физички вашата продавница или канцеларија во моментот се затворени.

Дополнително, доколку посетителите имаат прашања за вашиот бизнис, истите ќе може да ги адресираат преку контакт-формата на веб-страната, преку порака оставена во прозорчето за разговор или на официјалната мејл-адреса. Кога ќе им дадете одговор на прашањата, ќе придонесете за зајакнување на меѓусебната врска и доверба.

Уште една предност е поставувањето на мапа од физичката локација на бизнисот. Преку неа посетителите на вашиот веб-сајт ќе може да ја проверат точната адреса на вашиот бизнис и полесно да стигнат до неговата физичка локација. Исто така, таа ќе им помогне полесно да ја испланираат патеката на движење до него. Дополнително, поставувањето мапа го потврдува кредибилитетот на вашиот бизнис, што е посебно важно за нови бизниси кои сè уште немаат изградено репутација.

Преку вашата веб-страна ќе може да пристапат и до сите линкови од социјалните мрежи и таму да започнат да ги следат сите информации, новости и промоции за вашиот бизнис.

Накратко, веб-страната е достапна 24/7 за посетителите и преку неа тие може да комуницираат со вашиот бизнис постојано, без оглед на работното време. Тоа пак ви нуди клучна предност тие посетители да ги претворите во свои идни клиенти.

НАЈВАЖНАТА ПРЕДНОСТ И НАЈГОЛЕМАТА ВРЕДНОСТ НА СЕКОЈ БИЗНИС СЕ КЛИЕНТИТЕ.

Нарачајте ја вашата веб-страна веднаш и бидете поврзани со нив 24/7.

Контактирајте нè и побарајте понуда.

+389 78 38 48 95
contact@webstrian.mk

Поврзани блог статии