Колку пати ви дале визит-карта која сте ја зафрлиле и потоа не сте можеле да ја пронајдете кога ви била потребна? Или можеби некој потенцијален клиент вам ви ја побарал, а во тој момент сте ја немале со себе?
Вашата веб-страна е ваша дигитална визит-карта што никогаш нема да биде изгубена, заборавена или зафрлена. Таа треба да биде појдовната точка од која ќе се шири вашето онлајн присуство и преку неа треба да го градите својот бренд. Вашата веб-страна треба да биде основата од која ќе почнува целата маркетинг-промоција на вашиот бизнис, без разлика на кој канал потоа истата ќе продолжи - дали на социјалните платформи, дали на телевизија или радио, дали како мејл-промоција итн.
Исто како и стандардната визит карта, вашата веб-страна треба да следи одредени правила при изработката односно:
- Треба да има одличен дизајн
- Треба да е информативна и лесна за навигација
- Треба да работи беспрекорно
- Треба да е во линија со бренд-идентитетот на вашиот бизнис
- Треба да има одлично SEO, односно да е оптимизирана за сите пребарувачи, па кога некој ќе пребарува клучен збор поврзан со вашата работа - да излегува како резултат на првата страница на Гугл.
Сè што правите за вашиот бизнис на интернет креира еден „дигитален отпечаток“ и гради свесност за вашиот бренд. Затоа кога клиентите пребаруваат нешто поврзано со вашиот бизнис, важно е да добијат позитивен прв впечаток. За да се случи тоа - најважна е професионалната веб-страна.
ВАШАТА НОВА ДИГИТАЛНА ВИЗИТ КАРТА Е НА КЛИК ОД ВАС!
Нарачајте ја вашата веб-страна веднаш и дозволете ни да ја изградиме вашата оналјн визит карта
Контактирајте нè и побарајте понуда.
+389 78 38 48 95
contact@webstrian.mk