Вашата веб-страна треба да ги следи вашите клиенти

Мобилните телефони се иднината. Луѓето се постојано во движење, сурфајќи на мобилен, па вашата веб-страна мора да ги следи. Таа мора да има дизајн што се адаптира на уредот преку кој се отвора.

Последните истражувања покажуваат дека мобилните уреди стануваат основно средство за пристап до интернет. Во многу земји дури употребата на мобилниот 4G или 5G интернет ја надминува употребата на интернетот за дома, овозможен од кабелските и телефонските оператори. Овој тренд постојано расте, па бизнисите кои немаат мобилна верзија од својата веб-страна ризикуваат да изгубат многу потенцијални клиенти.

Сите веб-сајтови изработени на Вебстриан имаат дизајн кој што се адаптира на уредот преку кој се отвора за да изгледа одлично на секој екран.

Еве кои се придобивките за вашиот бизнис:

1. Одлично корисничко искуство: Вашите посетители брзо и лесно, со само еден клик преку својот телефон, ќе може да пристапат до информациите кои им се потребни. Со одлично корисничко искуство, многу е поверојатно да станат ваши клиенти.

2. Повисоко рангирање на интернет: Во 2019 година Гугл објави дека ќе ги индексира прво мобилните верзии на веб-сајтовите, а тоа значи дека алгоритмите на Гугл првично ќе ја земат во предвид содржината од мобилната верзија на вашата веб-страна за да ја рангираат. Доколку таа не е оптимизирана за мобилни уреди, нема да биде прикажана на првите страници на Гугл што ќе придонесе за значително намалување на посетеноста.

3. Компетитивна предност: Со веб-страна оптимизирана за мобилни уреди вие сте чекор понапред од вашата конкуренција. Дури и кога посетителите сурфаат во движење сите информации за вашите производи или услуги ќе им бидат јасно презентирани, па ова ќе го скрати времето на пребарување, ќе им даде поточна слика за вашиот бизнис и полесно ќе станат од посетители – ваши клиенти.

Веб-сајт што изгледа добро и функционира одлично на мобилни уреди е неопходен во ова дигитално време. Ќе го подобри корисничкото искуство, ќе ја зголеми видливоста на вашиот бизнис и ќе ви обезбеди конкурентна предност.

ВЕБСТРИАН – КОГА ВИ ТРЕБА ВЕБ-СТРАНА КОЈА ИЗГЛЕДА ОДЛИЧНО НА СЕКОЈ УРЕД!

Мобилен телефон, таблет или компјутер – вашиот веб-сајт на Вебстриан ќе има респонсивен дизајн и совршено ќе се адаптира на уредот преку кој се прегледува. Контактирајте нè и побарајте понуда.

+389 78 38 48 95
contact@webstrian.mk

Поврзани блог статии