Основи на веб-сајт и веб-страна: Сè што сте сакале да знаете, а не сте прашале!

Размислувате за веб-сајт (веб-страна) за вашиот бизнис, но се соочувате со премногу технички поими кои знаат да бидат збунувачки:„ веб-страна, домен, хостинг, SEO-оптимизација, URL-линкови...“ ? Дозволете ни да ви ги објасниме основите на секој веб-сајт, како тој функционира и кои се придобивките што ви ги нуди платформата на Вебстриан.

ШТО Е ВЕБ-САЈТ?

Веб-сајтот е збир од една или повеќе веб-страни поставени на интернет. Или поинаку кажано, веб-сајтот е колекција од јавно достапни, меѓусебно поврзани веб-страници, поставени на заеднички домен.

ШТО ВЕБ-СТРАНА?

Веб-страна (или веб-страница) е една страница од веб-сајтот. До веб-страните се пристапува преку веб-прелистувачи како што се: Chrome, Firefox, Edge, Opera итн.

Секоја веб-страна има содржина која е комбинација од текстови, слики, аудио, видео и линкови.

Пример за најчести веб-страници кај корпоративните сајтови се: Почетна, Услуги /Производи, За Компанијата, Контакт итн.

КОЈА Е РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ ВЕБ-СТРАНА И ВЕБ-САЈТ?

Во разговорниот јазик овие два поими често се мешаат, односно поимите веб-страна или веб-страница се користат како замена за поимот веб-сајт.

Технички разликата е во тоа што под веб-сајт се подразбира множество од веб-страни, додека веб-страна е само дел, поточно една страница од веб-сајтот.

Важно е да знаете дека Вебстриан како платформа ви нуди креирање на неограничен број на веб-страни на вашиот веб-сајт, како и неограничен сообраќај, без разлика на пакетот кој ќе го одберете. Дополнително, секоја веб-страна може да биде преведена на повеќе јазици.

Што е URL адреса, што се пребарувачи, што е SEO и SEO-оптимизација? Прочитајте тука

НАПРАВЕТЕ ЧЕКОР НАПРЕД СО ВЕБСТРИАН! ДОЗВОЛЕТЕ НИ ДА ГО КРЕИРАМЕ И ОПТИМИЗИРАМЕ ВАШЕТО ИНТЕРНЕТ ПРИСУСТВО.

За да започнеме контактирајте нѐ на:
+389 78 38 48 95
contact@webstrian.mk

Поврзани блог статии