Сè што сте сакале да знаете, а не сте прашале: URL, пребарувачи, SEO, SEO-оптимизација

ШТО Е URL АДРЕСА?

URL адреса е адресата на интернет на која се наоѓа одредена веб-страна, слика, видео или било кој ресурс до кој може да се пристапи онлајн.

Пример за URL e следниот:

https://www.webstrian.mk/blog-statii/

каде што:
  • https:// - е кратенка за протоколот со кој се пристапува на веб-серверот
  • www – традиционален акроним, префикс, за веб-адреса
  • webstrian.mk - името на доменот, каде што кратенката “.mk” го претставува меѓународниот код за домени за нашата државата
  • blog-statii – е патеката на страницата (ресурсот) во рамките на веб-сајтот

ШТО СЕ ПРЕБАРУВАЧИ?

На интернет има милиони веб-страници со најразлична содржина.

Со цел лесно и брзо да може да се стигне до содржина која не интересира, потребно е веб-страниците да се индексираат, процес каде содржината на веб-страницата се обработува и се поврзува со индекс од клучни зборови.

Кога сакате да пребарате нешто на одредена тема потребно е да внесете клучен збор во полето за пребарување на достапните пребарувачи (Search Engines), по што ќе ви бидат дадени веб-сајтови кои се поврзани со клучните зборови по кои пребарувате. Најпознат пребарувач во светот е Гугл.

ШТО Е SEO И SEO-ОПТИМИЗАЦИЈА?

За да излегува еден сајт на првата страница во резултатите од пребарувачите потребно е да има добро SEO.

SEO е акроним од Search Engine Optimization или на македонски – оптимизација за пребарувачи. Што поточно значи ова? SEO-то во основа значи добра препознатливост на веб-сајтот на одредени клучни зборови. Односно дека на одредени клучни зборови, веб сајтот ќе има висок рејтинг во приказот на резултатите од пребарувањето.

Под поимот SEO-оптимизација се подразбира организирање на содржините во веб-страниците со цел тие да бидат полесно разбирливи за пребарувачите.

Важно е да знаете дека Вебстриан е паметна платформа изградена по сите SEO-правила за оптимизација: од оптимизирање на кодот, преку напредно HTML-форматирање, па сѐ до читливи URL-линкови и мета-описи. Тоа значи дека вашиот веб-сајт ќе ги има сите предуслови да биде високо позициониран во листата резултати на пребарувачите како Гугл.

Но, ние сме тука и за да го креираме и оптимизираме целото ваше интернет-присуство, со креирање релевантна содржина, мета-описи и мета-клучни зборови за да му помогнеме на Гугл да го „листа“ вашиот веб-сајт уште на првата страна.

Што е хостинг, што е домен, што е поддомен? Прочитајте тука

НАПРАВЕТЕ ЧЕКОР НАПРЕД СО ВЕБСТРИАН! ДОЗВОЛЕТЕ НИ ДА ГО КРЕИРАМЕ И ОПТИМИЗИРАМЕ ВАШЕТО ИНТЕРНЕТ ПРИСУСТВО.

За да започнеме контактирајте нѐ на:
+389 78 38 48 95
contact@webstrian.mk

Поврзани блог статии