Софтверот е „моторот“ на секоја веб-страна, па важно е да внимавате во што инвестирате. Дали е тоа долгорочно решение кое ќе го поддржи вашиот бизнис низ годините или „фрлени пари“ за веб-страна која ќе треба да ја обновувате на секои 2-3 години.
На македонскиот пазар преовладува трендот на изработка на веб-страни преку глобални отворени платформи, развиени за општа употреба. Сами по себе тие можеби и не се лоши, посебно затоа што се бесплатни, па доколку имате основни технички предзнаења може да си ја изработите и сами својата веб-страна наместо да плаќате некој друг да го направи тоа за вас.
Но, дали ваквите решенија се најдоброто решение за вашиот бизнис?
Без разлика дали имате мал, среден или голем бизнис, ние веруваме дека сте професионалци во својата област и дека зад вашиот бизнис исто така сакате да стои компанија со врвна експертиза. За обичните посетители можеби „веб-страна си е веб-страна“, но за вас тоа е инвестиција и внимателно треба да го одберете партнерот за соработка.
ПОЧУСТВУВАЈТЕ ЈА МОЌТА НА ВЕБСТРИАН!
- ЦЕНТРАЛИЗИРАНА CLOUD ПЛАТФОРМА СО ОРИГИНАЛЕН КОД, НАМЕНСКИ РАЗВИЕН ЗА ПОТРЕБИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ БИЗНИСИ
Вебстриан ви нуди моќен наменски софтвер во кој секоја линија код е „скроена“ по мерка на вашите деловни потреби. Како што костумот купен од продавница помалку би ви одговарал од оној скроен по ваша мерка, така и при изработката на вашата веб-страна потребна ви е истата прецизност во секој детаљ.
Вебстриан е иновативна cloud-платформа за изработка на веб-страни од најновата генерација, наменски развиена за да им даде поддршка на македонските бизниси. Се работи за централизиран софтвер врз кој имаме целосна контрола на кодот, па можеме да гарантираме за квалитетот и да ви овозможиме врвно корисничко искуство.
За разлика од Вебстриан, повеќето решенија кои се нудат на нашиот пазар имаат децентрализиран модел и се нарекуваат „отворени“ затоа што секој може да ги преземе и да ги користи во комерцијални цели. Ваквиот пристап, во зависност од интервенциите во отворените решенија, може да доведе до варијации во квалитетот на поставените веб-страни и нивните перформанси.
- ВЕБ-СТРАНИ ОД НАЈНОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА, СО ПОСТОЈАНА ЕВОЛУЦИЈА СПОРЕД ВАШИТЕ ДЕЛОВНИ ПОТРЕБИ
Со Вебстриан добивате веб-страна од најновата генерација, изработена во последните веб-технологии со докажани перформанси и квалитет.
Се работи е централизирана cloud-платформа чиј софтвер постојано се развива и надградува според потребите на нашите клиенти и редовно расте со нови модули и функционалности. Секоја надградба на софтверот истовремно ја добиваат сите наши веб-страни, што значи дека вашата веб-страна никогаш нема да биде заборавена помеѓу останатите клиенти и секогаш ќе работи брзо и беспрекорно, дури и по 10 години!
Нашето мото е:
„Ја правиме вашата веб-страна еднаш, ја користите засекогаш!“
- КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ ЗА ВРВНИ ВЕБ-ПЕРФОРМАНСИ
Вебстриан е платформа која ви нуди професионални веб-страни со врвни перформанси и интуитивни алатки за управување и уредување.
Административниот панел за управување со веб-сaјтот е лесен за користење, па со едноставно повлекување и пуштање ќе може да додавате нови содржини. Вашата веб-страница ќе изгледа одлично на сите уреди, ќе биде изработена по најдобрите SEO-правила за подобро рангирање кај пребарувачите и она што е најважно – нејзините перформанси нема да се менуваат низ годините благодарение на редовните надградби на софтверот и тоа според највисоките стандарди за квалитет. Контролата над софтверскиот код ни дава можност за постојана оптимизација, па вашата веб-страна дури и по 10 години ќе работи беспрекорно – исто како првиот ден.
- ПАМЕТНА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ВАШИОТ БИЗНИС
Вредноста на една веб-страна не е во цената која ќе ја платите, туку во долгорочните придобивки кои од неа ќе ги добиете. Таа е инвестиција која го зголемува кредибилитетот на вашиот бизнис, па доколку веќе инвестирате – направете долгорочна инвестиција со Вебстриан. Ништо не е подалеку од вистината дека „веб-страна си е веб-страна“ . Потребна ви е професионална веб-страна која ќе ви помогне да оставите впечаток дека сте професионалци во својата област и која ќе ги претвори вашите посетители во ваши идни купувачи или клиенти.
Инвестирајте во иднината на вашиот бизнис со веб-страна дизајнирана да го издржи тестот на времето. Нашата цел е да бидеме стратешки партнери со нашите клиенти и да им понудиме моќни алатки кои ќе им помогнат да станат лидери во дигиталниот свет. Над 200 задоволни клиенти се потврда за квалитетот на нашето работење.
Придружете ни се и вие! Побарајте понуда ТУКА.