Денес не е доволно само изработка на веб-страна за твојот бизнис да биде видлив онлајн. Ако сакаш да бидеш прв на Гугл, покрај веб-страна паметно е да имаш и Google Business Profile. Тој е твојата дигитална визит-карта која им покажува на клиентите каде се наоѓаш, што нудиш и како можат да стапат во контакт со тебе.
Ако имаш локален бизнис – било да е продавница, ресторан, сервис или салон – Google Business Profile е првото нешто што ќе го видат луѓето кога ќе пребаруваат „пицерија во Скопје“ или „фризер Кисела Вода“.
Со добра SEO-оптимизација, комбинацијата од веб-страна + Google Business Profile ти носи реални резултати и повеќе клиенти.
Како да го оптимизираш профилот?
- Потврди го профилот – без ова Google нема да те сфати сериозно. Ќе ти прати код, го внесуваш и готово – официјално си „на мапата“.
- Пополни целосни информации – адреса, телефон, веб-страна, работно време, услуги. Колку повеќе информации имаш, толку полесно клиентите ќе те најдат.
- Избери точни категории – нека пишува прецизно што нудиш. Наместо само „бизнис“, стави „туристичка агенција“ или „салон за мебел“.
- Додади фотографии – Слики од надвор, внатре, од твоите производи/услуги ќе направат голема разлика.
- Собирај рецензии – замоли ги задоволните клиенти да остават коментар. А ти одговарај им на сите – и позитивни и негативни. Тоа гради доверба.
- Ажурирај го профилот редовно. Го промени работното време? Имаш нова услуга? - Стави го веднаш тоа во профилот.
Што добиваш?
- Поголема видливост на Google и Google Maps
- Повеќе јавувања и клиенти
- Поголема доверба – професионален прв впечаток
- Бесплатен начин да бидеш пред конкуренцијата
Комбинацијата на SEO-оптимизирана веб-страна изработена на платформата Вебстриан и одлично пополнет бизнис профил на Гугл е твојата гаранција за локален SEO-успех. Ајде да започнеме!
Јави ни се на 078 38 48 95 или пиши ни на contact@webstrian.mk.