„Прво гугламе, споредуваме, одлучуваме, па купуваме.
Прашање е: ќе ве најдеме ли онлајн?“
За младите довербата започнува со првото „гуглање“.
На еден бизнис-настан прашавме една компанија која работи „уште од времето“ зошто сѐ уште немаат веб-страна. Одговорот беше:
„На пазарот сме повеќе од 30 години, СИТЕ не знаат! Не ни треба веб-страна...“
Сигурни дека помладите колеги немаат слушнато за нив, следниот ден ги прашавме што мислат за компанијата. Ја пребараа онлајн и најдоа - застарено лого, пост од 2021 година и никаква веб-страна. Заклучија: „100% пропадналe!“
Реалноста е дека компанијата е повеќе од успешна, па затоа и веруваат дека не им е потребна веб-страна. Но, на новите генерации - кои имаат сѐ поголема куповна моќ и многу наскоро ќе носат клучни бизнис одлуки - им е пресудна.
Да! Веб-страна не треба да направите за вас, туку за:
- НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ КЛИЕНТИ
Оние кои живеат „онлајн“ и немаат доверба во тие што се „офлајн“
- СТРАНСКИТЕ ПАРТНЕРИ
Како потврда дека соработуваат со сериозна компанија
- ДЕЛОВНИТЕ СОРАБОТНИЦИ
За комплетен увид во услугите и/или производите кои ги нудите
Дозволете да ве ставиме на дигиталната мапа!
Со Вебстриан добивате сѐ на едно место!
Модерен дизајн, професионална изработка, вклучен хостинг, техничко одржување на софтверот и техничка поддршка за ажурирање на вашата веб-страна.
Јавете се на 078 38 48 95 или пишете ни на contact@webstrian.mk