Кога потенцијалниот клиент ќе ја отвори вашата веб-страна, не само што гледа текст и слики – тој доживува целосна приказна за вашиот бренд. Изборот на бои, елементи, секој клик по веб-страната му кажуваат нешто за вашиот бизнис, пред тој да разговара со некој ваш вработен.
Во овој свет, каде што вниманието се губи за дел од секундата, секоја грешка во дизајнот или бавното вчитување на веб-страната може веднаш да ги одвратат посетителите, без разлика колку вашиот производ или услуга им се потребни.
Веб-дизајнот не е само „убав изглед“ – тој е стратешка алатка за градење доверба, задржување на корисниците на веб-страната и зголемување на продажбата.
Според најновите статистики:
• 94% од луѓето формираат прв впечаток за веб-страната во првите 50 милисекунди.
• Лошиот веб дизајн ги тера 38% од посетителите да ја напуштат веб страната.
• Веб-страна со одличен UX дизајн може да ја зголеми конверзијата до дури 400%.
• Мобилната оптимизација е неопходна, бидејќи 62% од посетителите ја прегледуваат вашата веб-страна од мобилен.
Добриот веб-дизајн гради доверба кон вашиот бренд, го подобрува корисничкото искуство и директно влијае на вашата продажба. Ако вашата веб-страна е бавна, неоптимизирана за сите уреди или визуелно неатрактивна, ризикувате да изгубите клиенти уште пред тие да ја видат вашата понуда.
Во 2025 веб-дизајнот не е избор – тоа е инвестиција во успехот на вашиот бизнис.
Јавете се на 078 38 48 95 или пишете ни на contact@webstrian.mk и да ја започнеме заедно вашата нова дигитална приказна.