Кога станува збор за изработка на веб-страна, постојат неколку митови во кои многу бизниси сѐ уште веруваат. „Имаме Фејсбук, не ни треба веб-страна“, „и без веб-страна си работиме супер“ или „ќе направиме, ама сега немаме време“… звучи познато, нели? Проблемот е што овие изговори можат да ве чинат изгубени клиенти и пропуштени шанси. Вистината е сосема поинаква – ајде да ги разбиеме заедно најчестите заблуди.
МИТ #1
ИМАМЕ ФЕЈСБУК, НЕ НИ ТРЕБА ВЕБ-СТРАНА!
Доколку сакате да се претставите како сериозна компанија пред клиентите, со кредибилитет во вашата дејност - потребна ви е професионална веб-страна. Таа ќе создаде доверба кај клиентите дека соработуваат со експерт во областа и само таквата перцепција ќе придонесе за директна продажба на вашите услуги или производи.
МИТ #2
БИЗНИСОТ НИ ОДИ ОДЛИЧНО И БЕЗ ВЕБ-СТРАНА!
А што е со сите изгубени клиенти кои на Google ја наоѓаат вашата конкуренција, наместо вас? Истражувањата покажуваат дека дури 73% од купувачите пред да купат што било - прво ги пребаруваат на интернет услугите/производите за кои се заинтересирани. Без професионална веб-страна - вие практично сте невидливи.
МИТ #3
ВО ПЛАН НИ Е, НО ВО МОМЕНТОВ НЕМАМЕ ВРЕМЕ!
Трката со времето никогаш нема да заврши, а токму времето е вашиот најголем непријател. Видеотеките го потценија NETFLIX. Банките не гледаа закана во PayPal.Хотелите го игнорираа подемот на AirBnB. Вие не смеете да го игнорирате фактот дека вашата конкуренција веќе има своја веб-страна.
ШТО ДОБИВАТЕ СО ВЕБСТРИАН?
- Веб-страна од најновата генерација
- Административен панел преку кој самостојно може да додавате содржини
- Неограничен број на страници
- Неограничен сообраќај
- Брз и стабилен хостинг
- Техничко одржување на софтверот
- Постојана техничка поддршка
ИМА ПРИЧИНА ЗОШТО ИМАМЕ НАД 300 ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ!
Приклучете ни се и вие! Контактирајте нѐ на:
078 38 48 95 или на contact@webstrian.mk