Скролате, кликате, лајкате, постирате, купувате онлајн... А вашиот бизнис сѐ уште нема веб-страна?

Веб-страната е дигиталното лице на вашата компанија. Со неа градите доверба кај клиентите и покажувате сериозност во вашето работење.

Ако ВИЕ сте постојано онлајн, зошто тогаш го држите вашиот бизнис во „темнина“?

Истражувањата покажуваат дека дури 73% од бизнисите имаат своја веб-страна, 23,5% немаат, но се во план да изработат, а само 3,5% сметаат дека не им е потребна веб-страна.

Кога една компанија нема веб-страна, клиентите мислат дека е:
  • Непрофесионална
  • Мала или несигурна
  • Несериозна („Дали можам да им верувам? Легитимни се?“)
  • Нетранспарентна – без јасни информации и контакти
  • Застаната во времето, без слух за новите генерации
Никој нема втора шанса за одличен прв впечаток. Затоа не ѝ правете услуга на конкуренцијата и направете го првиот чекор кон изработка на професионална веб-страна.

Контактирајте нѐ за понуда ТУКА, јавете се на 078 38 48 95 или пишете ни на contact@webstrian.mk