Дали знаете дека корисниците формираат мислење за вашата компанија во првите 0.05 секунди од отворањето на вашата веб-страна? Во ера каде конкуренцијата е огромна,вашата веб-страница не смее да биде само „уште еден шаблон“ што веќе сте го виделе на десет други места.
Во Вебстриан веруваме дека секој бизнис заслужува уникатен дигитален идентитет. Затоа сме фокусирани на изработка на наменски дизајн за секој клиент, а платформата нуди можност и за лесен редизајн во иднина, без потреба на креирање на комплетно нова веб-страна.
За разлика од многу компании кои работат со темплејти, нашиот процес е целосно подреден на вашиот бренд.
Kако изгледа тоа во пракса?
- Истражување и анализа: Сè започнува со разговор. Ги анализираме вашите желби, светските трендови во вашата индустрија и репер-страниците што ви се допаѓаат.
- Дизајн по мерка: Нашите дизајнери креираат наменски дизајн кој е специфично скроен за вашите бизнис цели и потреби.
- Ваш е последниот збор: Првично го презентираме предлогот, го доработуваме според вашите повратни информации и дури откако ќе бидете 100% задоволни, го поставуваме на сајтот.
МОЌТА НА ВЕБСТРИАН: НАМЕНСКИ ДИЗАЈН ВО КОМБИНАЦИЈА СО НАМЕНСКИ СОФТВЕР ЗА ПОГОЛЕМА БРЗИНА И СТАБИЛНОСТ
Убавиот дизајн не значи ништо ако сајтот е бавен. Вебстриан е платформа со наменски код, односно софтверско решение кое го развиваме и оптимизираме со години, па нашите веб-страни се секогаш брзи и стабилни. Немаат непотребни додатоци (plugins) кои го кочат вчитувањето – само чист, ефикасен код кој го сакаат пребарувачите како Google и Bing.
РЕДИЗАЈН НА ВЕБ-СТРАНА БЕЗ ИЗРАБОТКА НА КОМПЛЕТНО НОВА ВЕБ-СТРАНА
Една од најголемите предности на Вебстриан е можноста за лесен редизајн во иднина. Вие добро знаете дека со текот на времето трендовите во веб дизајнот се менуваат, а и бизнисите растат и се развиваат. Наместо да се креира нова веб-страница од почеток, постоечкиот сајт може да се освежи со:
- Нов визуелен стил
- Нови, модерни елементи во дизајнот
- Подобрено корисничко искуство
- Промени во структурата и изгледот
- Надградба со нови функционалности
Овој пристап им овозможува на клиентите брзо и ефикасно освежување на веб-страната, без големи трошоци и без повторна изработка на целиот систем. Погледнете неколку редизајни на веб-страните на нашите клиенти:
КРЕИРАМЕ ВЕБ-СТРАНИ КОИ СЕ МОДЕРНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ И ПОДГОТВЕНИ ЗА ИДНИ ПРОМЕНИ
Доколку се уште се двоумите, ова се клучните причини поради кои треба да го изберете Вебстриан за изработка на веб-страна.
- Наменски веб-дизајн: Уникатен визуелен идентитет развиен исклучиво за вашата компанија
- Максимална брзина: Вашата веб-страна ќе се вчитува навистина брзо, што е клучно за Google рангирањето.
- Стабилност: Помалку безбедносни ризици во споредба со платформите со многу „third-party“ плагини.
- SEO пријателска архитектура: Вашиот веб сајт ќе биде подготвен да се појави на првите позиции на пребарувачите.
- Лесен редизајн во иднина: Како што се менуваат трендовите во дизајнот, така може лесно да го менуваме и освежуваме визуелниот изглед на вашата веб-страна