КАКО ДО УСПЕШНА ИНТЕРНЕТ ПРОДАВНИЦА? - Целосен водич со Вебстриан


Продажбата преку интернет веќе не е само „дополнителна опција“ за бизнисите – таа е неопходност. Но, патот од идеја до првата нарачка зависи од една клучна алка: квалитетот на вашата е-продавница. Во Вебстриан, не правиме само веб-страни, туку креираме моќни продажни алатки кои работат за вас 24/7.

Платформата ви нуди можност за креирање на е-продавници кои овозможуваат продажба на производи и на услуги. 
 

Зошто изработката на интернет продавница со Вебстриан е вистински избор?


Изградбата на е-продавница бара многу повеќе од само поставување слики од производи. Еве што ја прави нашата платформа различна:

 
       1. Брзина стабилност и одлична техничка поддршка
 
Вебстриан ви нуди моментално вчитување на вашата интернет продавница, кошничка која се ажурира автоматски за миг, брз процес на нарачка и техничка поддршка која е секогаш тука за вас.
 
 
        2. Сигурни и брзи трансакции 
 
Довербата е најважна во е-трговијата. Нашите продавници се целосно интегрирани со локалните банки во Македонија. Ова овозможува:
  • Безбедно плаќање со сите видови картички
  • Автоматска обработка на трансакциите
  • Доверба кај купувачите преку сертификати за безбедност
 

       3. Лесно управување (Административен панел)

Не треба да бидете програмер за да управувате со вашата продавница. Преку нашиот интуитивен панел можете:
  • Сами да додавате, менувате и бришете производи.
  • Да управувате со цени, попусти и категории со само неколку клика 
  • Да следите залихи


       4. Оптимизација за мобилни уреди (Responsive Design)

Над 70% од онлајн купувањата се вршат преку мобилен телефон. Продавниците на Вебстриан се дизајнирани да изгледаат и да функционираат совршено на секој екран – од десктоп компјутер до паметен телефон.


        5. SEO-оптимизација на секој производ 

Вашата продавница нема да се изгуби во „дигиталниот океан“ со правилна SEO-оптимизација. Вебстриан ви овозможува лесно додавање мета описи и клучни зборови за секој производ, додека автоматскиот ALT-текст на фотографиите ја зголемува вашата видливост на Google Images. Во комбинација со чистите, разбирливи линкови, крајниот резултат е повеќе органски посетители и поголема продажба без постојани трошоци за реклами.


       6. Продажба без провизии од трансакциите

Целиот профит од вашите нарачки останува кај вас. Вебстриан не наплаќа проценти од секоја продажба. Единствениот трошок кон нас е фиксното годишно одржување. Со нас, вие имате целосна контрола врз вашите приходи, без скриени трошоци.


И како додадена вредност:


Наменски дизајн: Вашата продавница ќе изгледа онака како што вие сте замислиле, со акцент на лесно пронаоѓање на производите.

Поставување на филтри: пребарувања по цена, азбучен ред или редослед по ваша желба/препорака

Напреден пребарувач: Пребарувачот на Вебстриан е „паметен“ и дава резултати на зборови кои се внесени во името на производот или во описот. Плус, работи со транслитерација па без разлика дали купувачот ќе пише „Чаша, casa, chasa или chasha“ - ќе му даде резултати.

 

Подготвени сте за вашата прва нарачка? 

Интернет продавницата е инвестиција која ќе ви се исплати брзо доколку е правилно поставена. Започнете со е-трговија денес! Побарај понуда ТУКА, јави се на 078 38 48 95 или пиши ни на contact@webstrian.mk