Ти ветуваат дека утре ќе бидеш прв на Google? Хммм, ајде да не се лажеме...

Ако некој ви каже: „Ќе ти направам сајт и за една недела ќе бидеш број 1 на Google“, имате две опции: сменете ја темата или затворете ја вратата.

Вистината е сурова, но едноставна: SEO (оптимизација за пребарувачи) не е магија, туку маратон. Никој не поседува „директна линија“ до Google и никој не може да гарантира прва позиција со притискање на едно копче.

Еве што навистина е потребно за добар рејтинг и зошто ветувањата за „брзи резултати“ се најобична мамка:

 

1. За секоја веб-страна содржината е КРАЛ (ама навистина!)  

Google не ги рангира сајтовите затоа што се „убави“, туку затоа што нудат содржина со вредност. Затоа е важно да имате што повеќе текст на вашата веб-страна. Но тоа не е доволно! 

Еве уште што е важно:

Клучни зборови: Мора да знаете што пребаруваат вашите клиенти. Не е доволно само да ги нафрлате зборовите; тие мора да бидат природно вклопени во корисни текстови.

Мета описи: Тоа е кратко резиме на содржината на секоја веб-страница од сајтот и претставува „скратен пат“ за Google да сфати за што точно е вашата веб-страна.

Релевантност: Ако вашиот текст содржи клучни зборови „во празно“, односно не го одговара прашањето на корисникот, Google ќе ве „казни“ со низок ранг.



2. Техничка исправност на веб-страната (она што не го гледате)

Можете да го имате најдобриот текст на светот, но ако вашата веб-страна е „скршена“ одвнатре, џабе е сè.

Брзина на вчитување: Ако сајтот се вчитува повеќе од 3 секунди, корисникот си заминува, а Google ве бележи како лошо искуство.

Мобилна верзија: Денес, ако сајтот не изгледа одлично на мобилен, тој практично не постои за пребарувачите.

SSL сертификат (HTTPS): Безбедноста веќе не е опција, туку задолжителен услов за Google. 

 

3. Авторитет и линкови од релевантни веб-страни (Backlinks)

Google ве гледа како „важна фаца“ само ако други релевантни сајтови линкуваат до вас. Ова се гради со месеци и години преку квалитетни соработки и содржини, а не со купување на евтини, спам линкови кои можат трајно да ви го блокираат сајтот.

 

4. Посетеност на сајтот

Колку повеќе содржина имате, толку повеќе посетители ќе имаат причина зошто да дојдат и зошто да останат на вашиот сајт. Посетеноста на вашиот веб-сајт му дава „сигнали“ на Google дека нешто вредно има да се прочита таму. Затоа не заборавајте кога спонзорирате содржини на социјалните мрежи да го ставите и линкот од вашата веб-страна и да ја „градите“ посетеноста.

 

5. Трпение (Најтешкиот дел)

SEO е долгорочен процес. Првите реални резултати обично се гледаат по 3 до 6 месеци активна работа. Секој што ви ветува резултати „од утре“ ве лаже. Затоа е важно да не “купувате“ лажни ветувања туку да инвестирате во професионална веб-страна со одлична стратегија. Доброто SЕО е спој од техничка прецизност, врвна содржина и континуирана работа, а Вебстриан е тука да ве води низ процесот.

Доколку сакате да научите повеќе за SEO-оптимизација на вашиот сајт - прочитајте го нашиот SEO-прирачник. Доколку сакате да започнеме со изработка на вашата SEO-оптимизирана веб-страна побарајте понуда ТУКА, јавете се на 078 38 48 95 или пишете ни на contact@webstrian.mk