Од час по јога до курс по јазици: Како да ги наплатите вашите услуги онлајн со Вебстриан?

Живееме во динамично време каде „времето е пари“, а удобноста е клучна. Кога сакаме да научиме нов јазик, да вежбаме или да закажеме термин кај терапевт, последното нешто што сакаме е да бараме најблиска банка за да уплатиме уплатница.

Ако нудите услуги, а сè уште прифаќате само готовина или рачни жиро-сметки, пропуштате голем дел од пазарот. Време е вашиот бизнис да го добие дигиталниот изглед што го заслужува.
 

Што сè можете да наплатите преку вашата Вебстриан веб страна?


Без разлика дали вашата канцеларија е физички простор или само вашиот лаптоп, Вебстриан ви овозможува лесна интеграција на платежни картички за:

Курсеви и едукација: учество за вебинари или пакет часови.

Членарини и претплати: Идеално за фитнес студија, теретани, јога центри, клубови или организации
 
Онлајн консултации: Наплатете ги вашите психолошки сесии, правни совети или бизнис консултации пред самиот состанок.

Дигитални ваучери: Овозможете им на клиентите да купат подарок-картичка за своите блиски директно од вашиот сајт.
 

Зошто онлајн наплатата е „win-win“ за вас и вашите клиенти?


Во време кога сè е дигитализирано, картичката го замени кешот. Ако им го олесните плаќањето на клиентите, им ја олеснувате одлуката да купат од вас.

Професионализам: Сајт кој прифаќа картички влева доверба и го позиционира вашиот бренд како модерен и сериозен.

Помалку администрација: Заборавете на проверување изводи и рачно праќање потврди. Системот ве известува кога уплатата е извршена.

Достапност 24/7: Вашите услуги може да се купат во 2 часот по полноќ, дури и додека вие спиете.

Сигурност: Вебстриан овозможува безбедно поврзување со платежните процесори, гарантирајќи заштита на податоците.

 

Како да започнете?

Со Вебстриан, процесот е автоматизиран и прилагоден на локалните банки во Македонија. Не дозволувајте комплицираните процеси на плаќање да ги одвратат вашите клиенти. Овозможете им да ја купат вашата услуга со само неколку клика!

Побарај понуда ТУКА, јави се на 078 38 48 95 или пиши ни на contact@webstrian.mk.