Колку клиенти губиш затоа што немаш веб-страна?

Замисли го ова: Некој слуша за твојот бизнис од пријател или гледа објава на Instagram. Следниот чекор? Те бара на Google за да види со кого си има работа.


И тука започнува проблемот.

Ако не најде ништо, или уште полошо — ако најде застарена и бавна веб-страна што едвај се отвора — што мислиш, каков впечаток оставаш? Дали ќе ти пишат тебе или на конкурентот кој изгледа многу посериозно online?

И не, не е важно дали имаш кафе бар, салон за убавина, градежна фирма или каков било локален бизнис, ако не може да те најде на интернет клиентот, за него не постоиш воопшто.



„Ама имам Instagram, зарем тоа не е доволно?“


Искрено? Не. Социјалните мрежи се супер за привлекување внимание, но веб-страницата е таа што гради доверба. Разликата е едноставна:

Социјални мрежи: Луѓето само „скролаат“, се двоумат и брзо забораваат.

Веб-страница: Тука луѓето доаѓаат со намера. Читаат, разбираат што нудиш и донесуваат одлука.

 

Што всушност добиваш со квалитетна веб-страница?


Не станува збор само за тоа да имаш „убава слика“ на интернет. Станува збор за функционална алатка која:
  • Гради авторитет: Веднаш изгледаш како сериозен бизнис, без разлика на големината.
  • Работи 24/7: Твоите услуги и информации се достапни дури и кога ти спиеш.
  • Те позиционира на мапата: Овозможува луѓето што те бараат преку Google реално и да те најдат.



Ајде да направиме краток тест: Кого би избрал ти?


Бизнис А:
Има само Facebook профил со стари објави и нејасни информации.

Бизнис Б:
Има модерна веб-страница каде јасно се гледа што работат, кои се нивните цени и како да ги контактираш.

Одговорот е јасен. Твојот бизнис веќе вреди и нуди квалитет — дозволи им на клиентите да го видат тоа на вистинскиот начин.
 

Сакаш твојот бизнис да изгледа професионално?


Вебстриан е македонска платформа, со поддршка на македонски јазик, изградена за потребите на македонските бизниси. Пиши ни тука или јави се на 078 38 48 95 за да поразговараме за твоето online решение.