Колкав е вашиот „невидлив бизнис трошок“?

Сите точно знаеме колку нè чинат киријата, струјата, платите или набавката на суровините. Тоа се видливи трошоци кои секој месец ги гледате во вашите извештаи. Но, дали некогаш сте се запрашале колку ве чини она што не го гледате?

Ако сте сопственик на бизнис кој веќе со години успешно работи, но сè уште си велите: „Што ќе ми е веб-страница, доволно работа имам и вака“ – тогаш вие секој ден плаќате сериозен невидлив трошок.
 

1. Трошокот на „изгубената доверба“

Денешниот купувач, без разлика дали му треба адвокат, градежен материјал или нов мебел, има едноставен рефлекс: прво проверува на Google. Ќе слушне препорака за вас… ќе ве побара… и ако не ве најде – се појавува сомнеж.

Бизнис без веб-страница во 2026 година изгледа како фирма без фиксна адреса – несериозно и нестабилно.

Вие не го гледате клиентот кој се премислил и заминал кај конкуренцијата само затоа што нивната веб-страница изгледала професионално и влевала поголема доверба.


2. Трошокот на социјалните мрежи

Многу бизниси во Македонија прават критична грешка – веруваат дека профилите на Facebook и Инстаграм се бесплатна замена за веб-страна.

Но, вистината е дека само веб-страната е ваш сопствен “дигитален имот“ додека социјалните мрежи ги користите „под кирија“. Вие не ги поседувате вашите следбеници. вие само ги „позајмувате“. Кога алгоритмот ќе се смени, вашиот досег (reach) паѓа. Ако ви го блокираат профилот поради некоја техничка грешка, вие го губите единствениот канал за комуникација. Целата ваша публика и сета објавена содржина –  може да исчезнат за миг. 

Прашањето е кој е вашиот план „Б“ за овој трошок?
 

3. Трошокот на „неактивниот продавач“

Вашата канцеларија или продавница има работно време. Вашиот телефон некогаш е исклучен. Но, интернет корисниците не запираат. Веб-страница со добра SEO оптимизација е ваш вработен кој работи 24/7. Таа им ги дава одговорите на клиентите додека вие спиете.

Секој момент во кој не сте присутни онлајн, вие плаќате трошок во вид на пропуштен повик, неодговорено прашање или изгубена нарачка.
 

4. Трошокот на пропуштен раст

Инвестирате во опрема, канцеларии, возила…Но ја одложувате инвестицијата што директно ви носи нови клиенти.

Изработка на веб-страна не е трошок – тоа е алатка за профит. Дури и ако не вршите директна продажба преку неа, нејзиното постоење ви дава кредибилитет и ве позиционира пред конкуренцијата. Кога клиентот избира помеѓу две опции, секогаш победува оној што влева поголема доверба.
 

Престанете да „плаќате“ за својата невидливост

Времето кога веб-страницата беше луксуз одамна помина. Денес, таа е основна деловна хигиена. Не губете клиенти затоа што не знаат дека постоите. Направете го првиот чекор – станете видливи таму каде што се вашите клиенти.

Побарајте понуда ТУКА 
Или јавете се на 078 38 48 95 за бесплатна консултација со нашиот тим.