Едно од најчестите прашања што го добиваме е:
„Колку чини изработка на веб-страна?“
Одговорот е едноставен – цената на веб-сајтот зависи од самиот проект.
Исто како што не постои фиксна цена за изградба на куќа, така не постои ниту единствена цена за изработка на веб-страна. Секој бизнис има различни потреби, различна содржина и различни функционалности.
Токму затоа, наместо однапред да нудиме универзална цена, ние подготвуваме индивидуална понуда која е целосно прилагодена на барањата на клиентот.
Од што зависи цената на веб-сајтот?
- Големината на веб-страната
Дали ви е потребна едноставна презентациска веб-страница со неколку секции или корпоративен веб-сајт со десетици страници? Колку е поголем проектот и колку повеќе содржина треба да се организира, толку повеќе време е потребно за негова реализација.
- Наменски (custom) дизајн на веб-страната
Секој бизнис е различен и заслужува веб-страница што ќе го претстави на вистински начин. Доколку сакате уникатен, custom дизајн креиран според вашиот бренд, потребно е повеќе време за планирање, UX/UI дизајн и развој отколку кај едноставни решенија.
Во цената влијае и тоа дали текстовите, фотографиите и останатите материјали се веќе подготвени или е потребно и нивно креирање. Професионално подготвената содржина придонесува не само за подобар изглед, туку и за подобри SEO резултати.
- Функционалностите на веб-страницата
Еден од најважните фактори што влијае на цената се функционалностите што треба да ги има веб-сајтот.
На пример:
- онлајн продавница
- систем за резервации
- повеќе јазици
- интеграција со платежни системи
- блог/вести
- контакт форми
- каталог на производи
- интеграција со ERP, CRM или други деловни системи
Колку повеќе функционалности се потребни, толку е покомплексен проектот.
Затоа нема едноставен, ниту точен одговор на прашањето:
„Колку чини изработка на веб-страна во Македонија?“
На македонскиот пазар може да најдете понуди од неколку стотици до неколку илјади евра. Разликата во цената не зависи само од компанијата што го изработува веб-сајтот, туку пред сè од сложеноста на проектот.
Едноставна презентациска веб-страница има сосема различен обем на работа од корпоративен веб-сајт, онлајн продавница или веб-апликација со напредни функционалности.
Поради тоа, најточната цена може да се формира дури откако ќе се дефинираат целите и барањата на проектот.
Како ја подготвуваме понудата?
Нашиот процес е едноставен. Најпрво го разгледуваме вашиот бриф, разговараме за вашите идеи и ги анализираме функционалностите што ви се потребни. Врз основа на тие информации подготвуваме „custom понуда“ која содржи: опфат на проектот, функционалности, рок на испорака, вкупна цена, начин на плаќање.
На овој начин добивате транспарентна понуда и плаќате само за решенијата што навистина му се потребни на вашиот бизнис.
Побарајте бесплатна понуда
Доколку планирате нов веб-сајт или сакате редизајн на постоечкиот, испратете ни краток опис на вашиот проект. По добивањето на вашиот бриф, ќе подготвиме индивидуална понуда која ќе биде целосно усогласена со вашите барања, потребните функционалности и буџет.
Без скриени трошоци. Без непотребни услуги. Само решение изработено според вашиот бизнис.
Јавете ни се на +389 78 38 48 95 или побарајте понуда
ТУКА.