Кога избирате кој ќе ви изработи веб-страница, најчесто гледате
колку чини изработката, како изгледа дизајнот и што добивате за тие пари.
Но постои едно многу поважно прашање кое ретко се поставува:
Што се случува со веб-страницата откако ќе биде готова?
Ова е една од најголемите замки кај малите компании и поединци кои изработуваат веб-страни. Ќе ви ја направат страницата, ќе ви ја предадат, ќе ја наплатат работата – и тука завршува нивната обврска.
Но веб-страницата не е брошура што еднаш ја печатите и ја оставате.
Телефонскиот број ќе се смени. Ќе додадете нов производ. Ќе треба да се промени работното време. Ќе сакате нова фотографија, нова страница или дополнителна функционалност. А можеби еден ден ќе биде потребно надградба од презентациска веб-страна во целосна интернет продавница.
Кој ќе го направи тоа?
Често, никој.
Ако изработувачот воопшто прифати да направи дополнителна промена, таа може да се наплаќа по програмерски час – што значи дека и наједноставната промена може да стане непотребно скапа.
Затоа, при изборот на веб-страна, не прашувајте само:
„Колку чини да ми направите веб-страница?“
Прашајте и:
„Кој ќе се грижи за мојата веб-страна во следните 10 години?“
Токму тука се гледа разликата помеѓу
евтина изработка на веб-страна наспроти
долгорочно решение за вашиот бизнис.
Веб-страната треба да биде жива, ажурирана и функционална – а не проект кој завршува во моментот кога ќе ја платите последната фактура.
Ние во Вебстриан секогаш стоиме зад бизнисот на нашите клиенти. Ако ти треба дигитален партнер, побарај понуда
ТУКА или јавете се на 078 38 48 95 за бесплатна консултација со нашиот тим.