Кога барате понуда за изработка на веб-страна, нормално е да ја споредите цената. Но, сигурно сте забележале огромни разлики – од неколку стотини до неколку илјади евра за „истата“ услуга.
Како е можно разликата да биде толку голема? Затоа што не секоја понуда подразбира ист пристап, ист начин на изработка и исто ниво на поддршка.
Веб-страна може да изработи поединец, мала агенција или специјализирана компанија. Разликата не е само во цифрата на крајот од понудата, туку во целиот процес: од размислувањето за вашиот дизајн и технологијата што се користи, па сè до тоа дали ќе има кој да ви крене телефон кога ќе ви треба поддршка по пуштањето на веб-страната „во живо“.
Веб-страната е дел од вашиот професионален настап
За некој што штотуку започнува бизнис, едноставно и евтино решение можеби е сосема доволно.
Но, за компанија што веќе има клиенти, репутација, вработени и амбиции за раст, веб-страната е дел од нејзиниот професионален настап. Таа треба да го претставува квалитетот на услугите, да ја одразува сериозноста на компанијата и да им помогне на потенцијалните клиенти да донесат одлука.
Затоа, при изборот не е важно само колку ќе платите за изработката, туку што точно добивате за тие пари.
Што треба да очекувате од професионална изработка на веб-страна?
Кога избирате компанија за изработка на веб-страница, обрнете внимание на неколку работи:
- Дизајн приспособен на вашиот бизнис: Веб-страницата треба да ги одразува вашата дејност, идентитет и потреби, а не да биде само уште една страница со готов темплејт што го имаат уште 100 други фирми.
- Функционалност и техничка стабилност: Веб-страницата треба да биде прегледна, брза и функционална на различни уреди.
- Поддршка и одржување: Важно е да знаете кому ќе се обратите за техничка помош, ажурирање на содржината или други потребни измени.
- Јасно дефинирани услуги: Проверете што опфаќа понудата и дали вклучува хостирање, домен, SSL-сертификат, техничко одржување и поддршка.
Најниската почетна цена не мора да значи дека добивате најповолно решение. Исто така, повисоката цена сама по себе не гарантира квалитет. Важно е да знаете што добивате и дали тоа одговара на потребите на вашата компанија.
Зошто компаниите го избираат Вебстриан?
Во Вебстриан веруваме дека квалитетната веб-страна започнува со разбирање на бизнисот на клиентот. Не работиме со готови темплејти, туку изработуваме наменски дизајн според потребите, дејноста и визуелниот идентитет на секоја компанија.
Така, веб-страницата не е само место каде што се наведени вашите услуги, туку начин на кој вашиот бизнис се претставува пред потенцијалните клиенти.
Веб-страните ги изработуваме на нашата сопствена платформа, што ни овозможува централизирано да се грижиме за техничкото функционирање, одржувањето и развојот на системот. Клиентите не мораат сами да бараат различни решенија за секој технички проблем или да координираат повеќе даватели на услуги.
Но, нашата услуга не завршува со објавувањето на веб-страната. Обезбедуваме хостирање, техничко одржување и поддршка за ажурирање на содржината. Така, клиентите имаат компанија на која можат да се потпрат и по завршувањето на проектот, без да мораат да бараат нов изработувач секогаш кога ќе им биде потребна промена.
Со повеќе од
10 години искуство под брендот Вебстриан и речиси 30 години искуство во софтверскиот развој на Икс Софт Девелопмент, создаваме веб-решенија со фокус на квалитетот, функционалноста и долгорочната соработка.
Не барајте само изработка на веб-страна. Барајте партнер за вашиот бизнис.
Ако веб-страната е важен дел од начинот на кој вашата компанија се претставува пред клиентите, вреди да изберете решение што одговара на вашите деловни цели и компанија што ќе стои зад него.
Во Вебстриан ќе добиете повеќе од веб-страна – ќе добиете партнер за нејзината изработка, одржување и развој.
Контактирајте нè на 078 38 48 95 или преку
контакт-формата на Вебстриан. Заедно ќе најдеме решение што одговара на потребите и целите на вашиот бизнис.