Доколку го читате ова, најверојатно ви е потребен нов, модерен веб-сајт, и сега ги разгледувате сите опции што ви се нудат. Да најмите софтверска компанија или, пак, можеби да го побарате пријателот на вашиот пријател што се разбира во програмирање?
Што велите за тоа сами да го направите својот веб-сајт? Онака како што вие сакате, без никакви компромиси? Сега најверојатно мислите дека вие немате никакви технички познавања и дека не би знаеле да го направите тоа сами. Дозволете ни да ви го претставиме Вебстриан и ќе се убедите во спротивното.
Вебстриан е нова македонска платформа која ќе го изгради вашиот веб-сајт за вас, а понатаму Вие самие можете да го доуредувате без да имате никакви технички предзнаења. Текстот се пишува едноставно како во Ворд-документ, сликите се додаваат исто како профил-фотографиите на вашите социјални страници, видеата се споделуваат со копирање на линкот од Јутјуб. Распоредот на сите елементи може да го менувате со едноставно повлекување и пуштање... Апсолутно сѐ сега може да направите сами.
Вебстриан ви нуди многу придобивки, но прочитајте ги нашите топ 10.
- Креативна слобода сами да одлучите за изгледот на вашиот веб-сајт
Замислете како би сакале да изгледа вашиот веб-сајт и направете го токму таков со Вебстриан. Преземете ја целосната контрола врз дизајнот и уверете се колку е сега лесно да имате професионален веб-сајт. Не ви се потребни никакви технички знаења бидејќи платформата е толку интуитивна што од првиот ден ќе имате чувство дека ја користите отсекогаш.
- Веб-сајт преведен на повеќе јазици
Ние знаеме дека повеќето компании денес, особено оние кои работат со клиенти надвор од Македонија, имаат потреба нивниот веб-сајт да биде повеќејазичен, па затоа ви ја даваме сета слобода да го преведете вашиот веб-сајт на колку и да сакате јазици. Дозволете им на вашите посетители сами да одберат на кој јазик ќе ги прегледуваат содржините на вашиот веб-сајт.
- Постојани бесплатни софтверски надградби
Да имате веб-сајт на Вебстриан значи дека постојано ќе добивате бесплатни софтверски надградби. Со тоа вашиот веб-сајт ќе работи беспрекорно и по 5 години отсега, кога сите платформи и пребарувачи ќе се променат во својата основа. Дополнително, постојано ќе добивате нови функционалности како што расте и се развива платформата на Вебстриан.
- Грижа за корисници и постојана техничка поддршка
Сигурни сме дека уште од првиот ден, сосема интуитивно, ќе може да ја користите платформата на Вебстриан. Секако, може да пронајдете многу корисни совети во Помош и поддршка за да ги направите и последните финеси при нагодувањето на вашиот веб-сајт.
Ако, пак, ви е потребна каква била помош, може да го контактирате нашиот Центар за техничка поддршка и нашиот тим ќе ве води низ процесот на уредување на вашиот веб-сајт.
- Најповолни цени во Македонија
Многу е поповолно да имате веб-сајт на Вебстриан, отколку да побарате софтверска компанија да го направи тоа за вас. Ќе избегнете да ја платите целосната сума за развој на вашиот веб-сајт, ќе ги избегнете месечните трошоци за хостинг и сите други трошоци за одржување на вашиот веб-сајт. Во пакетите на Вебстриан сѐ од ова е вклучено и уште многу повеќе. Пробајте го Вебстриан 15 дена бесплатно и потоа одберете го пакетот што најмногу им одговара на вашите потреби.
- Целосно нов дизајн секогаш кога ќе посакате
Може да започнете со еден дизајн кога ќе го одберете својот веб-сајт и подоцна да го смените со нов, без да изгубите ништо од содржините што веќе сте ги додале. Лесно е, бесплатно и вие во истата минута добивате „нов“ веб-сајт, со поинаков дизајн на елементите, со нови бои и фонтови. Освежете го одвреме-навреме својот веб-сајт и понудете им на посетителите ново корисничко искуство.
- Оптимизација за мобилни и таблет-уреди
Сите ние сурфаме на Интернет преку нашите мобилни телефони, таблет-уреди, лаптоп и десктоп компјутери. Вебстриан ќе го оптимизира вашиот веб-сајт да одговара на секој уред и да работи без проблем. Нема да треба да развивате мобилна верзија, ниту апликација за на тaблет, вашиот веб-сајт ќе биде доволно паметен сам да го промени распоредот на елементите и нивната големина за да изгледа одлично на секој екран.
- Бесплатен хостинг засекогаш
Во секој пакет на Вебстриан е вклучен бесплатен хостинг засекогаш. Всушност, за цената на хостинг во други компании, вие сега ќе добиете професионален веб-сајт заедно со стабилен, сигурен и моќен хостинг. Тој ќе биде поставен не на еден сервер, туку на заштитена мрежа од интерконектирани сервери. Ова значи дека страниците на вашиот веб-сајт ќе се полнат брзо, а вашите посетители ќе имаат одлично корисничко искуство.
- Бесплатен поддомен и бесплатна поддршка при додавање сопствен домен Кога ќе го стартувате вашиот веб-сајт преку платформата на Вебстриан, вие ќе добиете бесплатен поддомен на webstrian.mk што ќе ги намали вашите трошоци за поставување на веб-сајт. Доколку сепак сакате вашиот веб-сајт да биде поставен на сопствен домен, наместо на mojotsajt.webstrian.mk, може да го купите од кои било домен регистрари во земјава или во странство, а ние ќе ви помогнеме да го поставите на вашиот веб-сајт без да ви наплатиме никакви трошоци.
- Веб-сајт високо рангиран на Гугл
На секој веб-сајт му се потребни посетители, а Вебстриан е тука за да ги насочи кон вас. Нашата платформа е изградена по најновите SEO-правила што значи дека вашиот веб-сајт ќе биде високо рангиран од Гугл и од другите интернет пребарувачи. Исто така, ќе ви ги дадеме и најдобрите алатки за да го оптимизирате својот веб-сајт за сите интернет пребарувачи како што се: мета тагови, мета клучни зборови, пријателски URL-линкови итн.
Заедно може да направиме многу за да помогнеме вашиот веб-сајт да биде „сакан“ од Гугл и од другите пребарувачи.
Вебстриан има уште многу други предности и сите нив може да ги пронајдете
тука.
Доколку веќе сте сигурни дека го сакате Вебстриан како платформа за вашиот веб-сајт,
започнете тука.