Зошто ви е веб-сајт кога имате Фејсбук-страница?

Се сеќавате ли на My Space? Можеби бевте дел од Hi5 или некоја друга социјална мрежа што повеќе не функционира? Гугл имаше големи амбиции кога го лансираше „G+“, но денес сме свесни дека не ги достигна ниту нивните, ниту нашите очекувања.

Денес Фејсбук е најголемата социјална мрежа во светот со повеќе од 1.35 билиони корисници. Секој ден тие споделуват 4.75 билиони содржини на Фејсбук. Помеѓу сите тие 4.75 билиони содржини е и вашата, изгубена во морето на „постови“. 

Новите алгоритми на Фејсбук сè повеќе ги ограничуваат неспонзорираните содржини на фан-страниците, па доколку имате 10.000 фанови, помалку од 1.000 ќе ја видат објавата доколку вие не му платите на Фејсбук да ја прикаже на вашите фанови. 

Да го градите својот бизнис на Фејсбук значи да градите на „позајмена“ земја затоа што вие не сте сопственик на вашата фан-страница, туку Фејсбук. Вие мора да ги следите правилата на оваа социјална мрежа, а тие преку ноќ се менуваат... Доколку нешто не е во согласност со нивните правила, вашата фан-страница може дури и да биде избришана. Сите сценарија се можни, вклучувајќи го и тоа дека денес Фејсбук е најголемата социјална мрежа, но утре може да не постои. 

Со вашите „постови“ вие го градите бизнисот на Фејсбук, а не сопствениот. Треба да биде обратно, нели?

Кога имате сопствен веб-сајт, вие креирате содржини за вас самите. Содржини со кои вие управувате. Содржини кои се ваши, кои остануваат на вашиот веб-сајт и кои никој освен вие самите – не може да ги избрише. 

Вашата цел треба да биде да ги привлечете фановите од вашата Фејсбук фан-страница на вашиот веб-сајт и тука да им дадете содржини кои ги интересираат. Треба да ги задржите на сопствениот веб-сајт и да градите лојалност кон вашиот бренд, а не кон Фејсбук.

Со Вебстриан сега секој може да има сопствен веб-сајт. Повеќе ни цената не е изговор, затоа што за само 650 денари месечно добивате професионален веб-сајт со вклучен хостинг, подомен, техничка поддршка и постојано ажурирање на софтверот. Ова значи дека вие никогаш нема да имате застарен или нефункционален веб-сајт.

Само регистрирајте се бесплатно тука и веднаш ќе добиете целосно функционален веб-сајт со готови пример-страници. Сè што треба вие да направите е да додадете свои слики и текстови, а за тоа не ви се потребни никакви технички предзнаења.

Доколку ви е полесно, контактирајте нè и ние бесплатно ќе го уредиме вашиот веб-сајт за вас.
 
Дознајте што сè ви нуди нашата платформа тука www.webstrian.mk/blog-statija/18286/mozhnostite-na-vebstrian 

 

Поврзани блог статии