Започни свој бизнис без да си дадеш отказ од работа

Сигурно веќе слушна за дечките од Велес што со провокативни наслови за Доналд Трамп успеале да заработат илјадници евра преку својот веб-сајт. Македонија е мала, но денес сите имаат Интернет и затоа цел свет ти е на дланка. Еве што би можел да правиш онлајн за дополнителни приходи, без да треба да си дадеш отказ од работа. Ако си доволно упорен и истраен, можеби тоа ќе стане твој сигурен бизнис.
 
ОТВОРИ СВОЈ ВЕБ-САЈТ, НО ДОБРО РАЗМИСЛИ КАКОВ

За да не биде и твојот веб-сајт „чудо за 3 дена“ од кое набрзо ќе се откажеш, најпрво добро размисли каков веб-сајт да започнеш. Навистина ли мислиш дека е потребен уште еден веб-сајт за забава, за колективни попусти или за нарачка на храна? Ако веќе започнуваш нешто такво, размисли што те „нервира“ кај тие сајтови и обиди се тоа да го подобриш. Ако си ист како и останатите, зошто би имал посети на сајтот?

Можеби е подобро од твојата страст да направиш онлајн-бизнис? Размисли за што би можел да зборуваш со часови без да се измориш. За здрав начин на исхрана? Автомобили? НЛО? Денес за сѐ можеш да најдеш публика. Еве еден „откачен“ пример за тоа -  на www.toilettrainedcat.com некој заработува пари од тренинг на мачиња како да користат тоалет.   

Најди тема што те интересира и пишувај за неа. Колку повеќе содржина ставаш, толку повеќе посетители ќе имаш. Секако, потребно е да вложиш и во маркетинг, но Фејсбук рекламите не се премногу скапи дури и за Македонија. А кога ќе имаш доволно посетители, ќе можеш да заработуваш од реклами или директна продажба на сајтот. Не заборавај дека ништо нема да се случи преку ноќ и дека можеби ќе ти се потребни месеци, па и години додека не почнеш да заработуваш доволно за да живееш од твојот веб-сајт. 

Сега барем не е потребно да инвестираш многу за развој на веб-сајт. Со Вебстриан може да направиш веб-сајт за 1 минута и да плаќаш само 650 ден/месечно за него.

ТЕ БИВА ЗА ГОТВЕЊЕ? НА ДРУГАРКИТЕ СИ ИМ ФЕШН-ГУРУ? ЕКСПЕРТ СИ ЗА НЕШТО? ТОГАШ ОТВОРИ СВОЈ БЛОГ

Каква и да е твојата страст, со квалитетни содржини – ќе најдеш публика за неа и ќе можеш да заработуваш од својот блог. Кога ќе имаш доволно посетители на блогот – ќе можеш да заработуваш од Гугл-реклами, од познатите брендови преку постови во кои користиш нивни производи или преку банери поставени на твојот веб-сајт. 

Но, заработката не смее да биде твојата прва цел. Треба да пишуваш на тема која навистина те интересира затоа што ако не го правиш тоа од љубов – нема ни редовно да пишуваш, ниту пак ќе одржиш одредени стандарди. Читателите брзо ќе препознаат дека нешто е „фејк“ и напишано „реда ради“.

Не треба ни да прифаќаш платени блог-постови што не се во согласност со твојот стил или вредности за да не ги разочараш своите посетители. Ако, на пример, водиш блог за убавина и мода и секогаш постираш елегантни комбинации, твоите посетители на блогот ќе знаат дека на него никогаш нема да биде промовирано парче што не е во согласност со твојот стил. Ниту, пак, дека ќе промовираш одреден козметички производ во чиј квалитет не веруваш. Затоа постојано ќе се враќаат на твојот блог. Ќе ти веруваат и ќе те препорачуваат на своите пријатели. 

Можеш да и се обраќаш на македонската публика или да го направиш на англиски и да им се обраќаш на сите. Вебстриан има специјален модул за блог, плус можеш да го направиш на колку и да сакаш јазици, па е одлично место да започнеш без големи инвестиции.

ВЕЌЕ ИМАШ ВЕБ-САЈТ ИЛИ БЛОГ? 

Прочитај ТУКА како да стигнеш до повеќе посетители кои ќе станат твои потенцијални купувачи или клиенти.

Поврзани блог статии