Во вториот дел од серијалот, ќе говориме за тоа како да го користиш Фејсбук-от со цел за добиеш повеќе посетители на твојот веб-сајт.
ТВОЈАТА ФЕЈСБУК-СТРАНИЦА НЕ Е САМО ЗА СОБИРАЊЕ ЛАЈКОВИ...
Фејсбук страницата најчесто се користи погрешно. Зошто? Бидејќи таа треба да се користи со цел да
донесе посетители на твојот веб-сајт. На Фејсбук треба да се постираат кратки текстови и линкови кои
водат кон твојот веб-сајт. Целта на веб-сајот е тој да биде посетуван и да има што е можно повеќе посетители на него.
Дали редовно постираш на твојата Фејсбук-страница, а сепак не гледаш некаков ефект? Провери каде грешиш.
Ако постојано постираш слики од производите и нивните цени, ако цело време зборуваш само за твојот бренд, навистина нема да постигнеш никаков ефект. Тоа ќе ги остави фановите рамнодушни. И нема да им го задржи вниманието. Некој можеби нешто и ќе лајкне. Но, дали ќе го сподели со своите пријатели тоа што ти си го постирал? Тешко.
А колку помалку лајкови и споделувања, толку помалку посетители на твојот веб-сајт и помало користење на твоите услуги или производи. А истражувањата велат дека 73% од купувачите прво го пребаруваат производот онлајн, а потоа одат во продавница да го купат.
Не може постојано да СЕ ФАЛИШ и да раскажуваш приказна САМО за себе т.е. за твојот бренд. Ако имаш салон за мебел, можеш да го изнајмиш најскапиот фотограф за да го фотографира секое парче мебел, но сепак тоа ќе бидат само убави слики на Интернет. Ќе го видат твојот бренд и ќе го одминат. Не дека твојата Фејсбук-страница нема да напредува, но тоа ќе биде бавно и со слаб ефект.
ТОГАШ ШТО ТРЕБА ДА ПРАВИШ?
Тајната на паметното водење на профили на социјалните мрежи лежи во тоа да зборуваш за твојот бренд, но во поширока смисла – опфаќајќи некаква
универзална човечка вредност што е блиска со твојот бренд, но и што ги надминува неговите граници. Вредност со која може да се поистоветат повеќе луѓе (твоите потенцијални купувачи), вредност што ќе ги допре нив лично. Твојот бренд не смее да биде фалбаџија што не знае да каже ништо повеќе од „Јас го сакам ова, јас можам вака, види јас што направив...јас, јас, јас..“ Твојот бренд треба да го земе во предвид својот „идеален купувач“ и со него да разговара за работите што ви се и на двајцата важни.
Напишано вака општо, можеби е не ви значи премногу, па затоа ќе се обидеме да ви дадеме конкретни примери.
Да речеме дека имате салон за мебел кој го изработувате во вашата работилница. Кои се универзалните вредности поврзани со вашиот бренд?
„
Дом“ – катче во кое сите се чувствуваме опуштено. Каде и да патуваме, ништо не е како чувството кога се враќаш дома.
„
Семејство“ – оние кои ни се најблиски, кои му даваат смисла на нашиот живот, оние за кои ние живееме.
„
Рачна изработка“ – вашиот бренд не е Икеа, од него нема илјадници идентични парчиња во секој дом. Вашиот бренд „има душа“ и е автентичен. Индустријата за мебел прави еднолични парчиња за масовно производство, а вие многу поуникатни.
На пример, твојот пост на Фејсбук би можел да биде како еден од постовите прикажани подолу:
Пост 1
Пост 2
На кој пост би кликнал лајк? Првиот е информативен, не буди никакви емоции и тешко дека многумина ќе застанат да го прочитаат во целата таа „гужва“ од информации на Фејсбук.
Вториот е емотивен, родителите при скролање ќе застанат и најверојатно ќе помислат нешто како „Eве ја мојата Ана...и она вака по ѕидот“ ... Оние што немаат деца ќе се сетат на чкртките по мебелот кога тие биле мали. И сигурно на вториот пост ќе добиеш повеќе лајкови и повеќе споделувања. Сигурно тој ќе ти донесе повеќе посетители на веб-сајтот и покрај тоа што во статусот нема директен линк до него. Најважно е дека твојот бренд сега ќе го поврзуваат со
позитивно чувство. А истражувањата покажуваат дека секое наше купување е на емотивна база, не на рационална. Кога ќе дојде време да купуваат нов мебел, биди сигурен дека ќе го пребараат на Гугл твојот бренд и ќе дојдат на твојата веб-страница.
Не велиме дека не треба да имаш и продажни постови, постови со промоции и такви кои ќе ги повикуваат фановите директно да кликнат на линкот од твојот веб-сајт. Но, тие треба да бидат „дозирани“ и само 30% од твоите статуси на Фејсбук.
Никој не сака да чита предолги постови, затоа не објаснувај премногу. Биди краток. Користи видеа и слики за да дообјасниш, но и за да привлечеш внимание. Секако, биди
поразличен.
Во наредниот пост ќе пишуваме за тоа како да го користиш Инстаграм и Твитер:
“Како до повеќе посетители? Трет дел”