Во третиот дел од серијалот, ќе говориме за тоа на што да внимаваш кога ги користш Инстаграм и Твитер со цел промоција на твоите производи или услуги.
ШТО Е СО ИНСТАГРАМ И ТВИТЕР?
Не може тоа што го правиш на Фејсбук да го пресликаш на останатите социјални мрежи ИДЕНТИЧНО. Да, содржината треба да остане иста и не треба да избегаш од вредностите на твојот бренд, но пораките треба да ги адаптираш според правилата на овие социјални мрежи.
На Инстаграм потребни ти се одлични фотографии и редовно постирање секој ден за да изградиш база на следбеници. Не ги заборавај хаштаговите затоа што кога некој ќе пребарува одреден хаштаг – треба да го пронајде твојот пост.
Во примерот со салонот за мебел, Инстаграм е одлично место да ги повикаш луѓето да постираат слики од „уметнички дела“ на нивните деца низ домот. Ќе треба да одредиш и хаштаг како на пример #шарамбарам на кој ќе може да споделуваат свои фотографии. Уште подобро ако можеш да им доделиш ваучер со попуст на најинтересните фотографии.
Повторно, слики само од мебелот и повик „Купете го ова кај нас“ нема да направи голем ефект.
Твитер е „најтежок“ кога се во прашање компании. Многу мал дел од нив добро го водат својот профил на оваа социјална мрежа. Голем е и бројот на оние компании што не отвараат тука профил затоа што непишаното правило е дека „на Твитер сите хејтаат“. Во ред, но Златна Книга има одличен профил и никој не ја хејта. Тие најдоа супер форма и паметно ги користат оние 144 карактери.
Во примерот со салонот за мебел, би можел да ги објавуваш фотките што ти се пратени на Инстаграм, но притоа да ги додаваш и коментарите на децата во моментот кога се „фатени на дело“.
Сигурно „Мамо крадецот го нацрта ова“ или “Двоседот беше тажен и решив да го разубавам“ ќе има поголем ефект од „Купете го ова кај нас“. Важно е да разбудиш позитивни чувства за твојот бренд кај оние кои те следат, па тогаш кога ќе постираш нешто што директно зборува за твојот бренд, ќе го лајкнат и споделат затоа што во глава ќе им се врти “еј ова се оние царевите со детските бељи“. А кога ќе дојде време да купува некој од нив мебел, сигурно ќе те земе во предвид и ќе го посети твојот веб-сајт, а потоа и твојот салон.
Дали имаш минута да прочиташ и нешто повеќе за рекламирањето на твојот веб-сајт? Кликни на наредениот пост од серијалот “Како до повеќе посетители? - “
Четврт дел - Реклами”