Во четвртиот и последен дел од серијалот “Како до повеќе посетители?”, ќе говориме на кратко околу рекламирањето.
НИШТО БЕЗ РЕКЛАМИ
Можеш супер да ги водиш своите профили на социјалните мрежи, но многу побавно ќе оди градењето на база на фанови и следбеници доколку не ги спонзорираш твоите објави.
За среќа, рекламирањето тука е евтино дури и за македонски услови. Сам одредуваш дневен буџет, колку дена сакаш да се појавува рекламата и на кои луѓе да им се појавува. Најважно е да размислиш кој е твојот идеален купувач – колку години има, од кој пол е, каде живее, каков е неговиот статус, кои се неговите интереси. Можеш да одбереш секој клик да води до твојот веб-сајт или, пак, само да градиш база на фанови кои потоа преку твоите постови ќе ги носиш на твојот веб-сајт и ќе ги запознаваш со твоите услуги/производи.
Со овој пост, го завршуваме серијалот “
Како до повеќе посетители?”. Останатите постови од серијалот можеш да ги најдеш под овој пост, во секцијата "
Поврзани блог статии".
Се надеваме дека постовите ќе ти бидат корисни, ќе те инспирираат и ќе ти дадат реални совети преку кои ќе добиеш повеќе посетители на твојот веб-сајт, а од тука и поголема продажба и промоција на твоите производи или услуги.