73% од вашите купувачи и клиенти пребаруваат онлајн, а потоа доаѓаат кај вас

Истражувањата за навиките на купување и користење на услуги покажуваат дека околу 73% од купувачите прво ги пребаруваат услугите и производите што ги интересираат онлајн, а дури потоа доаѓаат кај вас, во вашата продавница или канцеларија. Продажбата „на лице место“ е сѐ уште прв избор на најголем дел од купувачите. 

Колку пати вие сте пребарале некој производ или услуга онлајн? Колку пати сте посетиле одреден веб-сајт за да добиете повеќе информации за она што ве интересира? Не сте исклучок, тоа го правиме сите ние. 

Затоа грешите ако сте од оние кои велат „Зошто ми е веб-сајт?“. Во овие времиња кога луѓето се научени сѐ да добиваат со само еден клик, тој ви е повеќе од потребен. Тоа е исто како да кажувате „Што ќе ми е продавница?“ или „Што ќе ми е канцеларија“. Ако во вистинскиот свет имате каде да ги примите клиентите, истото треба да го правите и во „виртуелниот“. Не може да сте невидливи онлајн, затоа што вашата конкуренција не е. Ако таа се појавува кога некој ќе пребара одреден производ или услуга на интернет, тогаш клиентите прво таму ќе отидат.

Можеби имате Фејсбук-страница и мислите дека не ви треба веб-сајт? Грешите. А Зошто грешите прочитајте тука.

Но, не ви треба каков било веб-сајт. Кога некој ќе пристапи на веб-сајтот, тој треба да дознае што повеќе за вашите производи, услуги и вашата компанијата. Навигацијата треба да биде лесна и едноставна. Треба да работи брзо. Еден производ или една услуга треба да водат кон друг за да можат посетителите да останат што подолго. Без разлика од кој уред се пристапува на веб-сајтот (компјутер, мобилен или лаптоп), содржината треба да биде лесно читлива. Треба да се појавува меѓу првите на Гугл. Мапа со локација за тоа каде се наоѓа вашата продавница или канцеларија е неопходна, исто како и поле за контакт. 

Вебстриан е платформа на која за само 1 минута може да направите модерен и професионален веб-сајт и да го добиете сето тоа. Плус, бесплатно за вас ќе ги уредиме првите 10 страници, а нашиот тим за техничка поддршка секогаш ќе е тука да ви помогне околу одржувањето. 

Пробајте го Вебстриан тука и станете видливи онлајн за сите ваши потенцијални клиенти. 

Поврзани блог статии