-
29.12.2016
-
Новости од Вебстриан
Вебстриан со награда на манифестацијата "Сајт на годината 2016". Освоено второ место во категоријата "ИТ и електроника".
Ви благодариме што гласавте за нас.
Манифестацијата "Сајт на годината" за 2016 година се одржа во Македонската опера и балет на 24.12.2016 година, во организација на дигиталната маркетинг агенција Media Solutions, а со поддршка на Министерството за култура на РМ, Градот Скопје, Кожувчанка ДОО Кавадарци и Витаминка АД Прилеп.
"Сајт на годината" веќе седма година по ред ги наградува најдобрите сајтови во изминатата година во повеќе категории, и го вреднува трудот на големиот број млади и талентирани автори од повеќе области кои работат во веб-издаваштвото.
Карактеристично за овој натпревар е тоа што македонските интернет посетители ги номинираат и гласаат своите омилени сајтови на сајтот на манифестацијата. Оваа година своите гласови ги дадоа речиси десет илјади интернет посетители од Македонија, кои заедно со стручното жири, ги одредија победниците.
Среќни сме што нашите корисници го номинираа и гласаа за Вебстриан, а стручното жири го препозна потенцијалот и ни додели награда. Во изминатите 2 години, колку што постои Вебстриан, направивме револуција во креирањето на веб-сајтови и бројот на наши корисници секојдневно расте. Ќе продолжиме вредно да работиме и да ги подигнуваме стандардите и квалитетот на веб-сајтовите во Македонија.
Очекувајте нови функционалности на Вебстриан затоа што сега сме уште помотивирани да ја оправдаме вашата доверба.
Поврзани блог статии