social image

ДА ЗАПОЧНЕМЕ

Нека ве видат, нека ве слушнат

Бидете поинакви, бидете оригинални!

Кратко објаснување за предностите на Вебстриан

Нашиот концепт е оригинален.

Вебстриан е иновативен веб-сајт креатор за професионална изработка на веб-страни. Се работи за cloud-решение во кое веќе е поставена софтверската рамка на вашата веб-страна, недостига само визуелното решение, односно веб-дизајнот кој се прави според вашите бизнис-потреби. Затоа доволна ни е само 1 недела за изработка на веб-страната.

Нашиот код е оригинален.

Вебстриан е креиран од професионалци со над 20 години искуство во развој на веб-решенија. Не е готов код што го преземаме од други. Тоа значи дека ќе добиете функционална веб-страна што работи брзо, која е лесна за користење, оптимизирана да изгледа одлично на секој уред, изработена во последните технологии и по сите SEO-правила за да биде високо рангирана на Гугл.

Нашите дизајни се оригинални.

Тимот креативци се грижи секој дизајн да биде посебен. Не само како визуелен елемент, туку и како функционално решение кое ќе ги привлече, но и задржи вашите посетители. Се грижиме да има јасна структура, лесна навигација, да има динамичен дизајн односно да биде доволно паметна сама да ги промени големината и распоредот на елементите за да изгледа одлично на секој екран.

Топ 7 придобивки на Вебстриан

  • Неограничен број на страници
  • Неограничен сообраќај
  • Бесплатен хостинг
  • Бесплатен .мк домен за првите 3 години
  • Веб-сајт креатор (CMS)
  • Оптимизација за мобилни/таблети
  • Техничка поддршка за одржување

Контактирајте нè

Професионална веб-страна
затоа што таа кажува многу за вашиот бизнис.

Вашата веб-страна е виртуелното лице на вашата компанија, па многу е важно и како изгледа и како работи.
Вебстриан е тука за да ви донесе функционална веб-страна со врвни технички перформанси. Изработена во последните технологии за да работи брзо, со вграден систем за менаџирање(CMS) кој ќе ви овозможи едноставно ажурирање на содржината, оптимизирана да изгледа одлично на секој уред. Таа ќе биде изработена по сите SEO-правила за да биде високо рангирана на Гугл и на сите останати пребарувачи.
Вашата веб-страна на Вебстриан ќе работи беспрекорно, ќе изгледа одлично и ќе биде интиутивна за користење, за да можат вашите посетители лесно да стигнат до информациите кои сакате да им ги пренесете.

Контактирајте нè

Функционален веб-дизајн
за да го прикажете вашиот бизнис во вистинско светло.

Трендовите на веб-дизајнот се менуваат секоја година, но она што нам ни е важно е тој секогаш да биде функционален. Вашата веб-страна освен што ќе изгледа одлично, мора да има дизајн со јасна структура, лесна навигација и разбирлива содржина.
Нашето мото е „помалце е повеќе“ затоа што едноставноста носи врвно корисничко искуство, односно поголема прегледност и полесен пристап до пораката која сакате да ја испратите. Посветуваме внимание на секој детаљ – од изборот на палета бои кои го отсликуваат вашиот бренд, преку изборот на фонт како визуелен јазик на вашиот бренд, до изборот на фотографии, илустрации и видеа кои визуелно ја заокружуваат пораката која сакате да ја испратите. Дизајните кои ги создава нашиот креативен тим се уникатни и специјално изработени за вас, во линија на визуелниот идентитет на вашиот бренд.

Контактирајте нè

Модерна веб-страна
подготвена да биде секаде.

Вашата веб-страна изградена од Вебстриан ќе биде автоматски оптимизирана за сите уреди. Од смартфони и таблет-компјутери, до лаптопи и десктоп-компјутери, сега вашата веб-страна ќе биде доволно паметна сама да ги промени големината и распоредот на елементите за да изгледа одлично на секој екран. Освен тоа, ќе реагира на својата околина и ќе работи беспрекорно на секоја платформа и на секој пребарувач од кои вашите посетители ќе пристапуваат до вашиот веб-сајт.
Луѓето денес се постојано во движење, затоа ќе ја подготвиме вашата веб-страна да ги следи наоколу. Благодарение на оптимизираниот и приспособлив дизајн, вие сега ќе бидете секогаш тука за нив.

Контактирајте нè