ВО ПОСТОЈАН КОНТАКТ СО ВАШИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ

Формуларот за контакт и е-известувања на вашата веб-страна ќе ви помогне да бидете во постојан контакт со вашите посетители. Дозволете добрата комуникација да придонесе за уште подобар бизнис.

Контакт-формулар

Само со внесување на адресата на вашата е-пошта автоматски се поставува формулар за контакт на вашата Вебстриан веб-страна. Преку оваа функционалност, вашите посетители ќе може да ви испратат електронска порака, а вие да одговорите на сите нивни прашања.

Формулар за е-известувања

Формуларот за е-известувања ќе ви помогне да изградите база на посетители што подоцна ќе може да ги контактирате. Со поставување на формуларот за е-известувања на вашиот веб-сајт ќе ги повикаме вашите посетители да се пријават доколку сакаат да добиваат известувања за вашите новости, попусти, нови производи итн.  

Доколку ви е потребно, може да додадете повеќе формулари и да испраќате различни е-известувања, според кои би можеле и да ги категоризирате своите посетители. На овој начин би имале една група посетители заинтересирани да добиваат само е-известувања за попусти на вашите производи, друга група за вашата најнова колекција, трета за отворени работни позиции во вашата компанија итн.   
 

Сами одбирате каде да ја поставиме формата за е-известувања на вашата веб-страна, каква порака ќе има и каков ќе биде нејзиниот изглед.