РАСКАЖЕТЕ ЈА ВАШАТА ПРИКАЗНА НИЗ ФОТОГРАФИИ

Откако ќе ја изработиме вашата страна, ви даваме пристап до админ-панелот на Вебстриан за да продолжите сами да ја ажурирате вашата веб-страна. А затоа што една слика „крие“ 1000 зборови, Вебстриан ви нуди можност да направите најразлични фотопрезентации на вашата веб-страна, од едноставни позадини и галерии, до професионално слајд-шоу од фотографии.

Галерија

Додадете слики во вашата галерија и тие ќе бидат ставени во едноставен и чист дизајн каде што секоја слика автоматски ќе биде оптимизирана за екранот на секој ваш посетител. Вие одлучувате за распоредот на сликите, кој може да го менувате со само еден клик. Освен тоа, на сите слики може да им додадете текст и наслови.

Фотослајдер

За почетна страница што воодушевува, имаме модерен фото-слајдер. Искористете го за да додадете фотографии со кратки текстови врз нив, со модерни ефекти на транзиција.

Вие сами ги контролирате брзината и начинот на транзициите, повторувањето на елементите (слика и текст), паузирањето и уште многу други функционалности.

Фоторотатор (карусел)

Заменете ги графичките симболи (икони) со вистински фотографии и линкувајте ги до други страници на вашиот веб-сајт. Со нашиот фоторотатор, поставен на вашата почетна страница, добивате моќна алатка што накратко објаснува сѐ за вашиот бизнис. Направен е така што вие имате можност целосно да ги контролирате текстовите, линковите, брзината на транзициите, ефектите и другите функционалности.