ОД ОДЛИЧНА СОДРЖИНА ДО ОДЛИЧЕН ВЕБ-САЈТ

Додадете слики, видеа, аудио-фајлови и понудете им одлична содржина на вашите читатели. Со Вебстриан вие одлучувате како ќе се прикажуваат сите мултимедијални елементи – од изгледот, распоредот и бојата, до позицијата на секој елемент на вашиот веб-сајт. Сега сѐ е на само еден клик од вас.

Слики

Додадете слики, галерии и фото-слајдери, директно од вашиот компјутер. Кога вашите посетители ќе ги прегледуваат, тие автоматски ќе ги менуваат димензиите во зависност од уредот од кој им се пристапува, за да изгледаат одлично на секој екран.

Сите прикачени слики ќе ви бидат зачувани во галеријата на Вебстриан каде што може да ги организирате во фолдери и да пристапувате до нив од каде било, преку панелот за администрација.   

Поврзете ги сите слики со линкови што ќе водат до вашите внатрешни страници или до некоја друга, надворешна веб-страница. На секоја слика може да ѝ додадете текст, односно наслов, како дополнително објаснување. 

ВИДЕО- И АУДИОФАЈЛОВИ

Додадете видеа од Јутјуб или аудио фајлови и сами одлучете како ќе се прикажуваат на вашиот веб-сајт. Одберете нагодувања како големина на приказ, распоред и боја на елементите, нивна позиција на вашата веб-страница итн.   

Контролирајте ги целосно сите мултимедијални содржини, внимавајте на секој нивен детаљ и приредете им одлично корисничко искуство на вашите посетители.