БЕЗ НАШИ РЕКЛАМИ НА ВАШИОТ ВЕБ-САЈТ

Вебстриан нема да става сопствени реклами на вашиот веб-сајт. Доколку сакате, вие може да водите маркетинг-кампањи преку Гугл адс, партнерски програми или преку вашата база на клиенти. Ние на никаков начин нема да ве ограничуваме да заработите финансиски средства од вашиот веб-сајт.

БЕЗ ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ

Ние немаме никакви скриени, ниту дополнителни трошоци. Цената на пакетот што сте го одбрале е сѐ што треба да платите. Исто така, не ве обврзуваме со договори. Во секое време може да ја откажете претплатата на Вебстриан без никакви казнени пенали. Освен тоа, ви овозможуваме бесплатно да се регистрирате на Вебстриан и во периодот додека го тестирате – нема да ви ги побараме податоците од вашите платежни картички.

АВТОРСКИ ПРАВА

Вие и само вие ги имате ексклузивните авторски права за содржината на вашиот веб-сајт. Ние никогаш нема да тврдиме дека се наши содржините на вашиот веб-сајт.   

Ве молиме прочитајте ги Правилата и условите за користење доколку сакате да дознаете повеќе детали за авторската сопственост.

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА

Ние се грижиме за вашата приватност. Нема да ги споделуваме вашите приватни податоци со трети лица заради финансиски придобивки. Вашата приватност и вашите лични податоци се осигурени со напредни технички мерки за заштита од закани и опасности.