БИДЕТЕ ВИСОКОРАНГИРАНИ НА ГУГЛ

Вебстриан е паметна платформа за креирање веб-сајтови што во својата основа се изградени по сите SEO-правила. Оптимизирани се самите веб-страници, внатре во нивниот код, преку напредно HTML-форматирање, преку читливи URL-линкови, мета-описи, мета-клучни зборови итн.

Сето ова значи дека вашиот веб-сајт ќе се појавува високо во резултатите на Гугл, Бинг, Јаху и другите интернет-пребарувачи поради добрата оптимизација.

Освен тоа, вие сами може да ja зголемите оптимизацијата за интернет-пребарувачите (SEO) на вашиот веб-сајт преку читливи URL-линкови и со додавање мета-описи и мета-клучни зборови, приспособени на содржината на вашиот веб-сајт. Дајте им ги сите важни информации на Гугл и на другите интернет-пребарувачи, помогнете им да ја препознаат содржината на вашите веб-страници и ќе видите дека веднаш ќе го прикажуваат вашиот веб-сајт високо во своите резултати.