СЕГА СЀ Е ЕДНОСТАВНО

Одберете изработка на веб-страна со платформата на Вебстриан, добијте оригинален дизајн креиран според вашите барања и потреби и оставете одличен прв впечаток пред посетителите.   

Ние го изработуваме почетниот дизајн, а вие имате можност да го менувате распоредот на елементите со едноставно повлекување и пуштање, да додадете сопствен текст исто како да користите ворд-документ, да додадете фотографии и да го подобрите визуелниот изглед на својата веб-страна. Аудио-фајлови, видеа, ПДФ-документи, икони – сега вие одлучувате како ќе биде прикажан секој елемент.

Персонализирајте го целосниот дизајн, и тоа сосема интуитивно, директно на вашата веб страна. Кога ќе бидете задоволни од промените што сте ги направиле, објавете ги онлајн со само еден клик. Не ви се потребни никакви технички предзнаења за сами да ја уредувате и имате веб-страната што отсекогаш сте ја посакувале. Сигурни сме дека од првиот ден ќе имате чувство дека го користите Вебстриан отсекогаш.

Ослободете ја креативноста и започнете да ја уредувате својата веб-страница сега.