ПОСТОЈАН УВИД ЗА ПОСЕТЕНОСТА НА ВАШАТА ВЕБ-СТРАНА

Вебстриан има вградена конекција со најдобриот сервис за мерење посети – Гугл аналитикс.

Со овој сервис вие ќе добиете детални статистики за посетеноста на вашиот веб-сајт и тоа во реално време. Секогаш ќе знаете колку луѓе ја посетиле вашата веб-страница, кога, колку долго ја прегледувале вашата содржина, кои интернет-страници ги пренасочиле посетителите до вашиот веб-сајт, што пребарувале и уште многу други важни информации.

Погледнете ги овие статистики и запознајте ги вашите посетители. Кога ќе знаете кои се, што сакаат, зошто ги купуваат вашите производи, што ги натерало да коментираат за вас или вашата компанија, лесно ќе може да ги планирате своите идни активности на Интернет.