Како ја замислувате својата веб страна? Од модерни и минималистички до храбри и „винтиџ“-дизајни, дајте ни насоки за почетниот изглед на вашата веб-страна и ние ќе изработиме оригинален дизајн согласно вашиот бриф. Потоа, со алатките на Вебстриан, дотерајте го финалниот изглед по свој вкус.
Во секој веб-сајт може да ги смените распоредот и боите на елементите, текстовите (содржина, големина, фонт, боја итн.), графичките симболи / икони, заглавјето и подножјето на страниците, главното и страничното мени, како и сите други дизајн-елементи. Може и да започнете со еден дизајн, а потоа да го смените со друг, без да загубите ништо од содржината што сте ја додале. Само поиграјте си со нашите едноставни алатки за уредување и со клучната функционалност „повлечи-и-пушти“ и ќе видите колку е лесно сами да го изградите визуелниот изглед на вашата веб-страна.