БЛОГ

Вебстриан за вас ќе креира професионален блог што може да го префрлите на сопствен домен кога и да посакате или, пак, веб-сајт на којшто ќе ги објавувате своите блог-статии. Со Вебстриан сега сѐ е навистина едноставно.

Елементите што ви ги нуди нашата платформа ви отвораат безброј можности.

При кликнување на елементот „Блог-статија“ ќе ви се отвори стандарден формат за пишување блогови каде што вие ќе треба само да ги смените насловот, сликата/видеото и деталниот текст на статијата.    

Сите ваши блогови ќе може да ги подредите по категории и поткатегории преку елементот „Категории за блог“. Тој ќе ви овозможи да ја изградите структурата на вашиот блог, но и да им го олесните пребарувањето на вашите читатели.

Кога креирате блог со Вебстриан, статијата што ќе ја обележите како главна секогаш ќе се појавува најгоре, односно ќе биде прва. Исто така ќе може сами да ги дефинирате   популарните блог-статии, додека пак елементот „Најнови блог-статии“ автоматски ќе ги прикажува вашите последни објави.

Освен тоа, Вебстриан автоматски ќе ви изгенерира архива на сите ваши текстови според датумот на нивната објава преку елементот „Архива на блог-статии“. Преку елементот „Тагови за блог“ вие ќе може да ги обележите клучните зборови на секоја ваша објава. Со тоа ќе го оптимизирате вашиот блог за сите пребарувачи (SEO), но на вашите читатели ќе им дадете и алатка со која ќе можат да пребаруваат содржини на вашиот блог што го имаат истиот таг.

Покрај пребарувањето преку тагови, Вебстриан ви овозможува да додадете поле за пребарување на вашиот блог (search bar) преку елементот „Пребарување на блог-статии“.

Блогирајте за нештата што ви се важни, а доколку сакате да го слушнете и мислењето на вашите читатели и да им поставите можност да остават коментари на вашата статија, вклучете ја опцијата „Disqus“ во вашиот административен панел.

Вебстриан ви нуди многу елементи што ќе ви помогнат да изградите професионален и модерен блог. Првично тој ќе биде поставен на поддомен на Webstrian.mk, но доколку сакате да го префрлите на сопствен домен, прочитајте како да го направите тоа тука.