Како да додадете блог на веб-сајтот?

Предефинираните веб-сајтови на Вебстриан доаѓаат со веќе однапред креиран блог, затоа начинот на додавањето на блог на вашиот веб-сајт зависи од тоа дали ќе ги избришете поставените пример-статии од блогот и ќе почнете од „нула“ или ќе ги менувате/уредувате постоечките.

Како да додадете блог на веб-сајтот во случајот кога пример-статиите сте ги избришале?

За да поставите блог на вашиот веб-сајт во овој случај, потребно е да го направите следното:

1. Да напишете блог-статии

- За да ги напишете вашите блог-статии одете во левото административно мени и кликнете на „Блог -> Додади нова блог статија“.

2. Да креирате блог-страница

- Овој чекор е под претспоставка дека претходно сте ја избришале страницата за блог. Доколку тоа е случајот тогаш треба да направите нова блог страница. За да го направите тоа потребно е да го направите следново: во левото административно мени кликнете на „Страници -> Додади нова страница“ и тука треба најпрво да ја одберете структурата на страницата (препорачливо е да изберете структура со две колони), а потоа од паѓачкото мени под „Тип на страница“ да одберете „Листа со блог статии“. На крај, додадете наслов на страницата како „Блог“ или „Мој блог“, а под Интернет-адреса најдобро е да внесете „blog-statii” во латиничен испис. Откако ќе кликнете на копчето „Зачувај и продолжи“, системот ќе креира за вас празна блог-страница.

3. Да поставите блог елементи на блог-страницата

- Откако ќе ја креирате блог-страницата, со цел блог-статиите да бидат прикажани на вашиот веб-сајт, потребно е да го поставите елементот „Блог статии“. Овој елемент е поставен во панелот „Додади елемент“, поточно во неговото трето јазиче (таб) - „Блог и вести“.

Само додадете го елементот „Блог статии“ и веднаш на вашата веб-страница ќе се појави листата со напишаните блог-статии.

Како да додадете блог на веб-сајтот преку менување на постоечките пример-статии?

Во овој случај блогот, односно блог-страниците и блог-статиите, се веќе поставени на веб-сајтот. Вие ќе треба да ги промените постоечките блог-статии, односно да додадете ваши текст и слики, а да ги избришете оние статии што не ви се потребни.

За да преуредите постоечка пример-статија треба да го направите следното:

Во левото административно мени кликнете на линкот „Блог -> Сите блог статии“ по што ќе се отвори преглед на сите пример-статии. Одберете ја статијата што сакате да ја преуредите со кликнување на линкот „Избери“. Веднаш ќе се отвори страницата за уредување на статии. Дознајте повеќе за тоа како да ја уредите статијата во секцијата „Како да уредите блог-статија“

За да избришете постоечка пример-статија, направете го следното:

Во вашето лево административно мени под ставката „Блог“ одберете „Сите блог статии“. Ќе се отвори страница што ќе ви ги прикаже постоечките пример-статии. За да избришете блог-статија, кликнете на копчето „Бриши“ што се наоѓа на десниот крај од редицата којашто ја претставува блог-статијата.