Како да додадете блог-статија?

Платформата на Вебстриан ви нуди два начина за додавање на блог-статии.

1. Преку административниот дел за блог до којшто се стигнува преку левото административно мени со клик на „Блог - > Додади нова блог статија“.

2. Преку елементот за приказ на блог-статии. За да стигнете до него, отворете ја страницата со блог-статии и поминете со „глувчето“ врз нив со цел да се појави менито на блогот. Тука кликнете на линкот „Додади блог статија“ во горниот десен агол.

Во двата случаи ќе ви се отвори страницата преку која се уредува статијата. Тука треба да го направите следното:

- Во полето „Наслов“ внесете го насловот на вашата блог-статија.

- Во полето „Медија“ додадете слика (најдобро со димензии 750x400 px) или, пак, додадете видео.

- Во полето „Содржина“ внесете го вашиот текст и уредете го со алатките што ви се достапни.

- Во полето „Тагови“ внесете ги клучните зборови за статијата. Тие ќе бидат видливи на вашата веб-страница и на посетителите ќе им помогнат да пребаруваат други статии со слична содржина, односно кога ќе кликнат на одреден клучен збор (таг) ќе им се појави листа на содржини со истиот клучен збор. Тие исто така се важни и за вашето SEO, односно за оптимизација на вашите содржини на Гугл и на другите интернет-пребарувачи.

- Кликнете на копчето „Додади/отстрани поврзани блог статии“ доколку веќе имате напишано статии на слична тема со статијата што ја додавате. Ќе ви се отвори нов прозорец каде што ќе треба да ги штиклирате поврзаните статии во коцката на крајот од името на статијата. Кликнете на копчето „Затвори“ и со тоа автоматски ќе ви се додадат поврзаните статии под онаа којашто во моментот ја подготвувате за објавување.

- Доколку сакате оваа статија да се појавува прва на вашиот блог, тогаш во десното административно мени штиклирајте го полето „Главен“.

- Доколку сакате оваа статија да се појавува во категоријата „Популарни статии“, тогаш во десното административно мени штиклирајте го полето „Популарен“.

- Кратката содржина за блог-статијата е задолжителна и таа се внесува во полето „Кратка содржина“ кое се наоѓа во десното административно мени.

- Пополнете ги и останатите полиња во десното административно мени како системско име, мета-описи и мета-клучни зборови, категоријата во која сакате да биде зачувана вашата статија и кликнете на копчето „Зачувај“ за да ја додадете статијата.