Како да додадете фото-слајдер?

Фото-слајдерот е комбинација од слики, наслови и кратки текстови кои се појавуваат со анимирани ефекти. Најчесто се поставува на насловната веб-страница. Пред да започнеме со објаснувањето како да поставите слајдер на вашата веб-страница, сакаме да ви објасниме една важнa можност во однос на сликите кои се поставуаат во него.  

Сликите во слајдерот може да бидат поставени како позадински слики или пак може да бидат поставени како таканаречени “внатрешни” слики. Доколку една слика биде поставена како позадинска слика, тогаш таа секогаш ќе биде прикажана од крај до крај на веб-сајтот. За разлика од нив,  внатрешните слики се прикажуваат на позицијата на која биле поставени. 

За да додадете фото-слајдер на вашиот веб-сајт, треба да го направите следново:

1. Кликнете на линкот „Додади елемент“.

2. Во панелот „Додади елемент“ што ќе ви се отвори, одберете го елементот „Слајдер“.

3. Ќе ви се отвори прозорецот „Опции за слајдер“. Во горниот дел од прозорецот може да ги изберете ефектите на анимација, брзината на лизгање и транзиција, како и да направите уште некои други подесувања по ваша желба.

Би сакале да ви објасниме малку повеќе за сетингот „Задржи ги пропорциите“ кој е мошне битен за начинот на работа на слајдер-от и кој што се однесува на позадинската слика на слајдерот. Доколку е активирана оваа функционалност, односно доколку е одбрано „Да“, тогаш сликата што ќе ја ставите за позадина треба да има пропорции 32:9 (димензии 1920x540, 1280x360, 1024x288 итн.). Доколку е одбрано „Не“, позадинската слика ќе биде развлечена и тогаш сликата што ќе ја поставите како позадина може да биде во која било пропорција односно димензија. Слајдерот ги има овие подесувања со цел да се контролира како се однесува позадинската слика која се шири од крај до крај на веб-сајтот.  Доколку во сетингот „Задржи ги пропорциите“ е избрано  „Да“ сликата секогаш ќе ги задржува своите пропорции без да дојде до нејзино растегнување или развлечување. Ова е препорачливо за позадински слики на кои се прикажани луѓе или објекти за кои не сакаме тие да бидат растегнати и развлечени.  Во случајот кога како позадинска слика сакате да поставите апстрактна фотографија или фотографија со поголем блур (заматување) за која не е битно дали таа ќе се развлече, тогаш, во сетингот „Задржи ги пропорциите“ може да изберете „Не“ и како позадинска слика можете да поставите слика со било кои димензии/пропорции.

4. Во прозорецот „Слајдер“, веднаш под „Опции за слајдер“ имате поле „Слајдови“ каде што е прикажан преглед на сите слајдови доколку работите врз пример-слајдерот од готовите дизајни на Вебстриан. Доколку го креирате слајдерот од почеток, тогаш ова поле е празно и прегледот ќе ви биде овозможен кога ќе ги додадете своите слајдови.

- За да додадете слајд, кликнете на копчето „Додади слајд“. Со тоа ќе се креира првото поле во кое ќе може да го уредувате вашиот слајдер. Ви препорачуваме да креирате најмалку два слајда. Кликнете два пати на слајдот и ќе ви се отвори нов прозорец „Детали за слајдот“ каде што ќе може целосно да го уредите слајдот според вашите желби.

5. Во прозорецот „Детали за слајдот“ имате можност да внесете позадинска слика преку копчето „Додади слика за позадина“. Наместо слика за позадина, може да одберете и само позадинска боја преку копчето „Боја за позадина“.

6. Во прозорецот „Детали за слајдот“, во менито „Елементи за слајдот“ имате можност да поставите текст, копче и слика.

7. Внесете го вашиот текст преку копчето „Додади текст“. Веднаш ќе ви се појави поле со текстот „Предефиниран текст за опис“. Кликнете два пати врз него за да ви се појави прозорецот за уредување на текстот. Во тој прозорец внесете ја бојата на текстот, големината на текстот и содржината. Доколку на фото-слајдерот сакате да имате наслов, но и текст што го дообјаснува насловот, тогаш внесете два пати текст преку копчето „Додади текст“. Големината на текстот за насловот одберете да биде средна или голема, а за текстот што го дообјаснува насловот ставете мала или средна големина на текстот. За да ги позиционирате текстовите на слајдерот, поминете со „глувчето“ врз нив и со едноставно повлекување и пуштање поместете ги онаму каде што сакате да стојат.

8. За да додадете копче што ќе води од слајдерот до некоја од вашите внатрешни страници или, пак, некоја надворешна, кликнете на копчето „Додади копче“. Веднаш на фото-слајдерот ќе ви се појави копче со демо текст „копче“.

9. Поминете со „глувчето“ врз копчето и притиснете на иконата во форма на забец што ќе се појави за да ви се отвори прозорецот за уредување на копчето.

10. Во прозорецот „Уреди“ со опцијата „Боја“ може да ја менувате бојата на текстот што е врз копчето. Со опцијата „Боја на позадина“ може да ја менувате бојата на позадината на копчето. Со опцијата „Наслов“ може да го менувате текстот што ќе се појавува врз копчето. Опцијата „Линк“ ви нуди две можности – да го поврзете копчето со некоја од внатрешните страници на вашиот веб-сајт или да внесете надворешен линк што ќе води до друг веб-сајт. Последната опција „Отвори во“ ви дава можност да одберете дали кога вашите посетители ќе го кликнат копчето, линкот што е поставен на него ќе се отвори во истиот или во нов прозорец.

11. Опцијата „Додади слика“ ви дава можност врз позадината што сте ја одбрале да додадете друга слика. За да додадете внатрешна слика кликнете два пати на елементот за слика што ќе ви се појави. Веднаш ќе ви се отвори прозорец преку кој може да додадете слика од вашиот компјутер или од медија-галеријата што сте ја креирале со Вебстриан. Повеќе за ова прочитајте во „Како да додадете слика на вашата веб-страница?“.

12. Димензиите на внатрешната слика може да ги регулирате со едноставно повлекување и пуштање.

По додавањето на слика врз позадината, со „глувчето“ ќе може да ја поместувате лево-десно или да ѝ ја менувате големината.

13. Притиснете на копчето „ОК“ откако ќе го уредите слајдот и ќе се вратите на првиот прозорец „Слајдер“. Повторете ги чекорите од 4 до 12 за да креирате повеќе слајдови.

14. Притиснете го копчето „ОК“ на главниот прозорец „Слајдер“ кога ќе бидете готови и истиот ќе биде поставен на вашиот веб-сајт.