Како да додадете галерија на вашата веб-страница?

1. Кликнете на линкот „Додади елемент“ што е поставен насекаде низ страниците на вашиот веб-сајт додека сте во административниот панел. 

2. Во панелот „Додади елемент“ што ќе ви се отвори, одберете го елементот „Галерија“.

3. Веднаш ќе ви се појави нов прозорец „Додади/промени слики од галеријата“. Кликнете на копчето „Додади слика“ што се наоѓа на горниот дел од прозорецот. Ќе ви се појави поле во кое може да ја додадете вашата слика. Треба да додадете онолку полиња за слики колку што би сакале да има слики во вашата галерија.

4. Со двоен клик врз полето за слика ќе ви се отвори прозорецот „Слики“ каде што ќе имате преглед на сите слики што до тогаш сте ги додале. Одберете од нив или додадете нови преку копчето „Мој компјутер“ во горниот дел на прозорецот.

5. Со кликнување на „Мој компјутер“ ќе ви се отвори нов прозорец. Преку него ќе може да го пребарувате својот компјутер за да ја одберете сликата што сакате да ја додадете. Кликнете на таа слика два пати или само еднаш на сликата, а потоа на копчето „Open“. Со тоа вашата слика ќе биде додадена во медија-галеријата на Вебстриан.

6. Кликнете два пати на сликата (или еднаш на неа и еднаш на копчето „ОК“) за да ја додадете во галеријата.

7. Доколку сакате да додадете наслов на сликите, поминете со „глувчето“ над сликите за да ви се отвори мени со дополнителни можности. Кликнете на буквата „А“ од менито за да се појави полето за додавање на наслов.

8. Редоследот на сликите во галеријата може да го промените со кликнување на стрелките за лево и десно кои се наоѓаат над секоја слика кога со „глувчето“ ќе поминете врз неа.

9. Доколку сакате да избришете слика што веќе сте ја додале во галеријата, поминете со „глувчето“ врз сликата за да ви се отвори менито со дополнителни можности. На крајот од тоа мени ќе видите икона „корпа“ и со кликнување на таа икона ќе може да ја избришете сликата.

10. Кога ќе ја уредите вашата галерија, притиснете на копчето „ОК“ и таа ќе биде поставена на вашата веб-страница. Галеријата ќе се постави на онаа страница на која сте го кликнале линкот „Додади елемент“ и тоа веднаш под тој линк.