ДОДАДЕТЕ ГУГЛ-МАПА

За да додадете мапа од Гугл на вашиот веб-сајт и да ја споделите вашата локација со вашите посетители, треба да го направите следното:

1. Кликнете на линкот „Додади елемент“ на страницата на којашто сакате да ја додадете мапата.

2. Во панелот „Додади елемент“ што ќе ви се отвори, одберете го елементот „Мапа“.

3. Веднаш ќе ви се отвори нов прозорец каде што ќе може да ја уредите мапата, односно да дефинирате како истата ќе биде прикажана на вашиот веб-сајт.

4. Во долниот дел од оваа мапа треба да ја внесете вашата адреса или вашите координати (лонгитуда, латитуда) и да притиснете на копчето „Барај“ за да ја означи Гугл вашата локација.

5. Во горниот дел на панелот за уредување на мапата имате повеќе различни подесувања како ширина и висина на мапата, порамнување, тип на мапа итн. Одберете ги оние опции коишто најмногу ви одговараат и притиснете на копчето „ОК“ за да ја додадете мапата на вашиот веб-сајт.