Како да додадете едноставни икони?

1. Кликнете на линкот „Додади елемент“ што е поставен насекаде низ вашите веб-страници додека сте во административниот панел.

2. Во панелот „Додади елемент“ што ќе ви се отвори, одберете го елементот „Едноставна икона“.

3. Веднаш ќе ви се појави нов прозорец „Опции за едноставната икона“. Во долниот дел од прозорецот имете над 350 икони. Одберете ја иконата што сакате да ја користите со кликнување врз неа.

4. По одбирањето на иконата, во горниот десен агол имате прозорец за преглед на иконата. Лево од него имате неколку опции за уредување на иконата:

- Големина: мала, голема и средна. Со оваа опција ја регулирате димензијата на иконата кога ќе биде поставена на веб-сајтот.

- Порамнување: лево, централно и десно. Со оваа опција регулирате како ќе биде порамнета иконата во однос на останатите елементи на веб-сајтот.

- Боја: опција со која ќе ја одредите бојата на иконата.

- Текст до иконата: текст што ќе стои десно од иконата и што ќе ја дообјаснува.

- Боја на текст: опција со која ја уредувате бојата на текстот што ќе ја објаснува иконата.

- Линк: опција што ви овозможува да ја поврзете иконата со друга внатрешна страница на вашиот веб-сајт или, пак, со некоја надворешна веб-страница. Кога вашите посетители ќе кликнат на иконата, истата ќе ги однесе на страницата со која сте ја поврзале.

5. Кликнете „ОК“ и вашата икона ќе биде поставена на веб-страницата, веднаш под линкот „Додади елемент“ што го кликнавте на почетокот.

Како да додадете анимирани икони?

Анимираните икони, за разлика од едноставните, имаат ефекти на движење (анимација) кои се појавуваат кога посетителите на вашиот веб-сајт со „глувчето“ ќе поминат врз нив. За да додадете анимирана икона на вашиот веб-сајт, треба да го направите следното:

1. Кликнете на линкот „Додади елемент“ што е поставен насекаде низ вашите веб-страници додека сте во административниот панел.

2. Во панелот „Додади елемент“ што ќе ви се отвори, одберете го елементот „Анимирана икона“.

3. Веднаш ќе ви се појави нов прозорец „Опции за анимираната икона“. Преглед на над 350 икони имате во долниот дел од прозорецот. Одберете ја иконата што сакате да ја користите со кликнување врз неа.

4. По одбирањето на иконата, во горниот десен агол имате прозорец за преглед на иконата. Лево од него имате неколку опции за уредување на иконата:

- Големина: мала, голема и средна. Со оваа опција ја регулирате димензијата на иконата кога ќе биде поставена на веб-сајтот.

- Порамнување: лево, централно и десно. Со оваа опција регулирате како ќе биде порамнета иконата во однос на останатите елементи на веб-сајтот.

 - Линк: опција што ви овозможува да ја поврзете иконата со друга внатрешна страница на вашиот веб-сајт или, пак, со некоја надворешна веб-страница. Кога вашите посетители ќе кликнат на иконата, истата ќе ги однесе на страницата со која сте ја поврзале.

5. Кликнете „ОК“ и вашата икона ќе биде поставена на веб-страницата.

Доколку сакате да додадете текст веднаш под иконата што е поставена на вашата веб-страница, тогаш под неа кликнете на „Додади елемент - > Текст“.

Доколку сакате да додадете текст веднаш до иконата, тогаш истата треба да ја поставите во колони. Додавањето на колони може да го направите преку „Додади елемент -> Структура -> Колони -> Број на колони (тука одберете 2) -> ОК“. Додавањето на колони ќе ви овозможи во едната колона да го поставите елементот „икона“, а во другата – елементот „текст“.