1. Во левото административно мени, кликнете прво на „Вести -> Категории на вести“.
2. Ќе ви се отвори страница со список од категории. На почеток тоа ќе бидат предефинирани категории од дизајнот што сте го одбрале. Избришете ги оние кои не ви се потребни така што ќе кликнете со „глувчето“ врз нив, а потоа ќе го притиснете копчето „Избриши ставка“ што се наоѓа над нив. Додадете свои нови категории на вести со кликнување на копчето „Додади ставка“ што се наоѓа под списокот со категории.
3. Во делот „Детали за категорија“ внесете ги следните податоци:
- Во паѓачкото мени „Јазик“ изберете го јазикот на којшто ќе биде објавена вашата вест. Доколку вашиот веб-сајт не е повеќејазичен, тука ќе биде прикажан само јазикот на веб-сајтот.
- Во полето „Системско име“ внесете го името на категоријата, односно името под кое ќе ја водите категоријата во вашиот систем за уредување.
- Во полето „Наслов“ внесете го насловот на категоријата, односно како таа ќе биде прикажана на страниците од веб-сајтот. Системското име и насловот на категоријата може, но не мора да бидат исти.
- Во полето „Родител категорија“ одберете „Корен“ доколку креирате главна категорија. Доколку сакате категоријата која ја уредувате да биде поткатегорија, тогаш од паѓачкото мени изберете ја главната категорија.