Мета-описот и мета-клучните зборови се многу важни за рангирањето на вашиот веб-сајт високо во резултатите на Гугл и на другите интернет-пребарувачи. При изработката на вашата веб-страна ние ги поставуваме, па ви препорачуваме да го правите и вие тоа на секоја страница што дополнително ќе ја креирате на вашиот веб-сајт. Мета-клучни зборови се најважните зборови што ќе ја опишат содржината на вашата веб-страница. Мета-опис е текстот што ја објаснува веб-страната и тој се појавува на Гугл и на другите интернет-пребарувачи веднаш под линкот од веб-страната. За да ги додадете, треба да го направите следното:
1. Во едиторот на страницата кликнете на копчето „Промени атрибути“ кое се наоѓа во долниот дел на вашето десно административно мени. Со тоа ќе се отвори прозорецот со опции за уредување на атрибутите на веб-страната. До овој прозорец може да пристапите и преку горната (црна) лента, поставена централно на вашиот административен панел, со кликнување на копчето „Промени атрибути“.
2. Во прозорецот што ќе ви се отвори, пополнете ги полињата „Мета-клучни зборови“ и „Мета-опис“.
Погледнете ги мета-клучните зборови и мета-описи кои сме ги поставиле ние при изработка на вашата веб-страна за да ги поставите и на новите страници кои ги креирате. За да ви помогнеме да ги пополните овие полиња, би сакале да ви дадеме и пример како би се пополниле тие доколку се креира веб-сајт за туристичка агенција. Во тој случај мета-клучни зборови кои би требало да ги внесете се: аранжмани, патување, одмор, летување, зимување, Италија, Шпанија, Португалија, поволно, понуди, апартмани, приватно, сместување, хотели итн.
Во суштина мета-клучни зборови се оние зборови кои корисниците би ги внеле во полето за пребарување на Гугл и другите пребарувачи за да го пронајдат она што ги интересира.
Мета-описот треба да содржи до 350 карактери кои ќе ја објаснат веб-страницата. За примерот погоре мета-опис би бил: „Најповолни понуди ова лето за Италија, Шпанија, Португалија! Голем избор на приватно и хотелско сместување, со цени веќе од 150 евра.“