Вебстриан ви овозможува да додадете поле за пребарување на вашите страници за вести. За да го додадете, треба да го направите следното:
1. Кликнете на линкот „Додади елемент“ во оној дел од вашата страница со вести каде што сакате да стои полето за пребарување.
2. Ќе ви се отвори панелот со елементи „Додади елемент“ и тука одете во третото јазиче „Блог и вести“.
3. Кликнете на елементот „Пребарување на вести“ и веднаш на страницата ќе биде додадено полето за пребарување.